МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА НА БРАНИКОТ НА ТАТКОВИНАТА-ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту дождот, ниту празникот – нејзиниот празник, празникот на жената 8-ми Март не ја спречи да биде во првите редови. Да ја предводи колоната на своите сограѓани, сожители, сестри и браќа… Колоната составена од реки народ што се собрал да го изрази својот револт, да го искаже својот непокор,  да ја покаже својата љубов и оданост кон татковината, кон мајката земја Македонија.

znames

 

Македонската жена на браникот на татковината… И додека некои ги полнеа кафеаните и рестораните, таа ги полнеше улиците и плоштадите во речиси секој  македонски град, во секое поголемо населено место.

Наместо подарениот цвет од детето, сопругот, момчето, колегите… да го однесе дома, таа го понесе со себе за да го сподели со своите сограѓани, со народот, за да и го подари на нашата заедничка мајка – Македонија, искажувајќи го своето чувство на гордост, на заедништво, на припадност, на посветеност,  кон единствената родина.

Наместо китка во дневната соба или работното место, македонската жена со букет од црвено-жолти цветови го закити Македонското собрание, како симбол на македонската државност, независност, суверенитет, симбол на заедничка, унитарна Македонија!  А и цвеќето во нејзините раце залеано од пролетниот дождец поубаво мириса, кога е дар за заедничка Македонија!

Меѓу жените кои осмомартовската прослава ја заменија соосмомартовски протест за заедништво и непокор, беа  присутни жени од сите возрасти, од сите националности, и религии, од сите општествени слоеви…

Од мали девојчиња, преку млади девојки, до зрели жени, па се до пензионерки.

Од обични лојални граѓанки, до познати лица, врвни уметници, признати културни и општествени дејци и  јавни личности кои и на овој ден дојдоа да ја дадат својата поддршка, симболично да го кренат својот глас за едниство, за заедништво, за унитарност, да го предводат својот народ, продолжувајќи ја револуционарнета традиција на македонската жена.

Како што тоа години и векови наназад го правеле оние кои животите ги положија за Македонија, како една Сирма Војвода, или Вера Јоциќ, како Вера Циривири,  Ибе Паликуќа или Нонча Камишова…

Со раширени раце, како кога лебедот ќе рашири крилја и со сонце во градите кое вечно блеска, и на нејзиниот празник беше на браникот на татковината, на чело на колоната… Таа- македонската жена.

Гордата Македонка, за единствена татковина, за унитарна држава, за заедничка мајка Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This