МАКЕДОНСКАТА ИНДУСТРИЈА ЖРТВА НА ЦАРИНИТЕ НА ЕУ: Одлуката на ЕУ уште сега негативно се рефлектираше на македонската индустрија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на ЕУ за ограничување на увозот на челик од Македонија, која стапуваат на сила во февруари, веќе затвори неколку компании од овој сектор во дрѓавава. Тие веќе ги исполниле квотите кои се на сила од јуни годинава. Во Макстил, која е најголем извозник на челик се загрижени. Можни се последици за вработени, кои ќе треба да одат на принуден одмор. Пресметките се дека 120 илјади тони ќе нема каде да се пласираат. Од Макстил велат дека алтернатива нема, бидејќи 70 отсто од извозот оди во ЕУ, до триесетина отсто во Турција, а останатото во регионот, пренесува Алсат.

Сто дваесет илјади тони, тоа се четири – четири и пол месечно производство. Тоа значи дека четири и пол месеци ние во годината ќе треба да стоиме. Дали ќе стоиме во континуитет или ќе правиме кампањи тоа ќе ја диктира ситуацијата и можностите за пласман. Ние сме илјада вработени во Макстил и ќе настојуваме да не бидат погодени, но невозможно е“, рече Митко Кочовски, директор на Макстил.

Во Владата и покрај јасната порака од ЕУ дека нема отстапување од мерката за 25 отсто царина откако ќе се исполни квотата, веруваат дека има простор за договор.

Тоа не е завршен процес, постои уште простор, пред се тимот кој е предводен од министерството за економија да се избори за поволности кои ќе бидат добри за македонската економија“, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Ставот на Унијата е дека се работи за заштита на нивните економски интереси, и не постои исклучок за Македонија или за некој друг. Ова јасно го кажа комесарката за трговија на ЕУ, Сесилија Мелстром, иако премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот Бујар Османи се обидоа да се смени одлуката.

Времените мерки важат од почетокот на февруари, ние ќе бидеме во глобалната квота. Значи од два милиони и осумстотини, ако еден милион и шестотини се резервирани за земјите со загарантирани количини, остануваат еден милион и двесте илјади тони. Кој ќе побара прв дел од квотата тој ќе биде прв услужен“, изјави Митко Кочовски, директор на Макстил.

Од Макстил ја потврдуваат прогнозата на вицепремиерот Османи дека загубите на Македонија годишно би биле над сто милиони евра. Негативни влијанија ќе има кај преработувачката индустрија, но и кај БДП. ЕУ овие мерки ги воведе како одговор на американските политики, откако претседателот Доналд Трамп реши да го ограничи увозот на челични производи од Кина и од ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This