Македонската пејачка за битkaта со kopoнавируcoт – „Никој од моите не знаат од каде и кого се зapaзија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу македонски јавни личности кои се заразија со вирусот Ковид 19, не се срамеа и не криеја, туку напротив, јавно говореа за нивната битката со болеста.

Биба Додева, Миа Костова, Огнен Здравковски и неговата мајка Софче, Ивона Јовановиќ, се едни од познатите личности кои се заразија. За жал битката ја изгуби водителот Драган Вучиќ.

Младата пејачка Теа Трајковска на својот Инстаграм профил сподели со своите фанови дека била позитивна на коронавирусот и раскажа дека таа и нејзиното семејство за среќа поминале без големи последици.

-Се мислев дали воопшто да го споделам ова тука, ама сметам дека е важно да се биде искрен и дека такa треба да се користат ваквите платформи, а не селективно прикажување на симпатичните, романтичните и инстаграм-естетските животни моменти. Последниов месец беше „real-life“ ролеркостер во секоја смисла. Денес, благодарна сум што сме сите на број, благодарна сум што не заразив никого бидејќи се изолиравме неколку дена порано и благодарна сум што поминавме низ ова без поголеми последици. Ситуацијата е пререална, никој од моите блиски кои иницијално се заразија не знаат од каде/кого и покрај придржувањето до мерките и внимавањето и што е најчудно дел од нас бевме негативни на првиот тест. Чувајте се и заштитете ги повозрасните околу вас! – завршува пејачка објавувајќи неколку фотографии на Инстaграм:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This