МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА: Подготвуваат ли Македонските партии, Македонска платформа?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претходно, Социјалистичката партија на Македонија објави иницијатива за изработка на сеопфатна македонска платформа за одбраната на виталните национални и државни интереси. Партијата, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ги повика сите политички субјекти во Македонија да се вклучат во подготвувањето на ваква платформа
436264-vo-zhivo-golem-senaroden-miting-na-vmro-dpmne-vo-skopje

Неизвесната состојба во македонското општество особено по објавувањето на т.н. албанска платформа креира се подобра атмосфера, со иста таква т.н. платформа да излезат и македонските партии.

Ваквата можност не ја отфрли ни владејачката ВМРО-ДПМНЕ кој во средбите и контактите со дипломатските претставници во земјава најавија дека постои можност и Македонците да излезат со свои барања по што јасно е дека нема начин да се најде договор со албанските политички партии.
И последните анкети кои беа објавени во дел од медиумите покажуваат дека кај граѓаните постои вистинско расположение Македонците да излезат со своја платформа.
Екс амбасадорот Ристо Никовски за ТВ Сител излезе со порака дека е време Македонците да се обединат околу своите интереси бидејќи на начинот на кој сега се движи државата, извесно е дека брзо ќе се соочиме со реална опасност да ја загубиме.
Претходно, Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) објави иницијатива за изработка на сеопфатна македонска платформа за одбраната на виталните национални и државни интереси. Партијата, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ги повика сите политички субјекти во Македонија да се вклучат во подготвувањето на ваква платформа.

И академската заедница не остана без коментар на албанската платформа.
Академикот Маџунков изрази силно противење на идејата било кој македонски политичар да прифати воведување на двојазичност коментирајќи дека мора да го чува јазикот ако сакаме да ја зачуваме државата. И тој ги повика Македонците на сплотеност.

Вчера СДСМ испрати предлог до ДУИ во кој нуди решенија за употребата на јазикот. За што конкретно станува збор од двете партии засега нема никаков одговор.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This