МАКЕДОНСКА РЕАЛНОСТ:Мамо не можам да ти ветам дека ќе дочекаш да ме видиш како младоженец, но ќе ти помагам секогаш….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога ќе се присетам на времето со една плата се одеше на одмор, можеше да се купи мебел и да ти останат пари за јадење и сметки…А, сега тешко се живее се крпиш отвараш една дупка се молиш платата да стигне на 15-ти за да ја затвориш дупката, платиш сметки, а ако ти остане ќе купиш нешто за јадење ако не пак ќе се позајмуваш и се така во круг.

Имам два сина едниот одамна се ожени и се оддели од дома, но другиот го родив на 40 години, јас пензионер со 8.000 денари тој работник во приватна фирма со плата од 15.000 денари.

Порано знаев да го прашам сине има ли некоја девојка, ќе дочекам ли снаа, да ти заиграм на свадба, ќе ме погледнеше само и ќе се повлечеше во соба, не го разбирав и му се лутев, не сфаќав зошто така реагира па време му е. Еве заедно со мене ќе си живеат ќе им помагам колку можам…ама тоа е моето мислење, а неговот било сосема друго од кое ми се растажи срцето…

Пред некој ден го начекав раположен седнав до него и го фатив за рака сине мој, како си? Уморно и разочарано ми делуваш дали си среќен?….Молчеше… не мамо не сум среќен..Велиш девојка дали имам, не мамо немам се чуствувам бедно кога ќе помислам дека треба да ја донесам овде во нашиот дом каде нема кујна, стари прозори, кревети…Си помислувам која ќе ме земе.  Секој гледа денес добро да си се снајде . Љубовта…нема да ти даде пари за облека, нема да ти даде храна, нема да ти ги плати сметките…само ќе те раскара и уништи…На моето збрчако старо лице се протркала една солза не можев да ја опишам тагата која ме обзема, си го погледнав синот здрав, висок, убав, строен и силно го стиснав за рака…

Ќе си заминам од овде, знам ќе ми биде тешко и мачно, но ќе морам на печалба да одам, не можам да ти ветам мамо дека ќе дочекаш да ме видиш како младоженец, но ќе ти кажам дека ќе ти помагам секогаш….

Останав тажна легнав во креветот и се свиткав како клопче цела ноќ размислував како јас да му помогнам дали доволно сум му дала во животот…Си замина во Канада далеку далеку…ми направи skype и Фејсбук профил за да бидеме во комуникација…Се мачеше три години и конечно се снајде..Со насмевка секоја вечер ми збореше, еј мамо кога ќе дојам ќе купиме се што треба дома ќе те шетам…Бев пресреќна за него, но празна во срцето и душата…Наоколу слушав муабети е тебе ти помага синот лесно се живее со две плати, си велев ех само да ми е во близина што ќе ми е полн џеб кога срцето ми е празно.

Скопјеинфо.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This