МАКЕДОНСКА РЕАЛНОСТ: Сами си ги прават децата да им бидат неспособни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Писмо од читател

Рано насабајле накај работа цела стуткана во капут седнувам на горниот кат од 57ца. Пред мене две тетки размуабетени, си велам ова ќе биде долго патување од Радишани до Центар.

Знаеш син ми наполни 21 година не се запиша на факултет, ете заврши средно. Си станува во 1 попладне обавезно мора да го чека доручекот на маса ако не веднаш ми се јавува и почнува да ме критикува.О, па ако не му се испеглани алиштата одма се лути.

Па како така толкав маж од мајка му да чека што не го тераш да работи ете кола сте му купиле нека врти такси, може да работи на пумпа, маркет..

Молам за 15 илјади, па не си го пуштам детето да ми мрзне или не дај боже како таксист некој да го изнатепа, нека си седи дома.

Се изнервирав слушајќи ги, не можев да се воздржам беше посилно од мене и се обратив на тетката која го штитеше синчето.

– Се извинувам госпоѓо ме гледате мене јас имам завршено Правен факултет со просек од 10.00 точно на време дадени испити. И да ви кажам секое сабјле се мрзнам чекајќи автобус до работа патувам 40 минути низ гужвиве, работам 8 часа, честопати прекувремено, нема да ме прашате колку земам плата?Госпоѓата подголтна, занеме…

Платата ми е 12 илјади, а некогаш на газдата ќеиф му е да ни скрати и по 2000 денари, без да ни каже зошто. Се повлеков и ставив слушалки на уши, жената се сврте напред и престана да збори.

Се прашувам зошто некои луѓе сами си ги прават децата да им бидат неспособни.Па уште ги охрабруваат да не се мачат.На секој ќе му биде убаво да лежи дома до 1 попладне и со прст да не мрдне зашто тато и мама ќе му дадат.

Не разбирам, но очигледно дека со ваков однос, без амбиција, работно искуство мислат дека ги чека директорска позиција?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This