МАКЕДОНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Босански професор бара Македонска телевизија во Босна и Херцеговина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Босанскиот професор Сулејман Мулиќ – Шулц, инаку активен граѓански активист во промоцијата на малцинските права на Македонците кои живеат во Босна и Херцеговина, како и инцијатор на низа на проекти за зајакнување на пријателските односи помеѓу двете земји, испратил писмо до надлежните владини институции во Македонија и БиХ за воведување на телевизиски канал на Македонски јазик

„Сите ние кои ја сакаме Република Македонија и сме заљубеници во природната убавина на Македонија, нејзината историја и култура, обичаи, гастрономија, музиката, како и Македонскиот јазик, повторно поднесуваме предлог за телевизиска програма на Македонски јази. Нејзината основна улога би била продукција и емитување на радио и телевизиски програми во сите жанрови, кои би ги задоволиле информативните, културните, образовните и рекреациските потреби на граѓаните на БиХ и Република Македонија кои живеат и работат во Босна и Херцеговина“ – вели професорот Мулиќ.

Тој потсетува дека во Босна и Херцеговина живеат и работат голем број на Македонци, кои немаат пристап до програма на Македонски јазик.

Иницијативата е испратена до сите надлежни органи во Босна и Херцеговина и Македонија.

 

Posted by Sulejman Mulić Šulc on Thursday, April 5, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This