МАКЕДОНСКИОТ И РУСКИОТ НАРОД ИМААТ ДЛАБОКИ ЗАЕДНИЧКИ КОРЕНИ: Рускиот амбасадор по повод 25.годишнината од дипломатските односи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија на денешната изложба по повод 25.годишнината од дипломатските односи со Македонија, изрази coчувcтвo за семејствата на тpaгичнo зaгинaтитe, и посака побрзо oпopaвувaњe на пoвpeдeнитe

Баздникин исто така порача дека Македонскиот и Рускиот народ се тесно поврзани, братски народи, кои почиваат на тесни врски на пријателство и взаемна помош, врз нивната духовна и културна блискост.

На настанот беше присутен и МНР на Македонија Никола Димитров.

Почитувани дами и господа,

Драги пријатели,

Пред сѐ, би сакал да изразам искрено сочувство до семејствата и најблиските на сите загинати во страшната сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово, да им посакам најбрзо опоравување на повредените. Длабоко жалиме за оваа трагедија, споделувајќи ја оваа болка со целиот народ на Македонија.

Ве поздравувам сите кои денес се одѕвавте на поканата на отворањето на изложбата посветена на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу нашите две земји.

Четврт век е солиден јубилеј. Меѓутоа добро е познато дека историјата на руско-македонските односи воопшто не е толку млада. Таа е многу побогата, помногулика, и има длабоки корени. За некои историски настани веќе постојат легенди.

Несомнено е дека народите на нашите две земји со векови наназад се поврзани со тесни врски на пријателство и заемна помош, кои почиваат на нивната духовна и културна блискост. Токму тие повеќевековни врски се втемелени во солидната основа врз која се изградени односите меѓу Руската Федерација и Република Македонија.

Погледнувајќи наназад во неодамнешното минато, очигледно е дека имаме многу работа на кои можеме да се потсетиме и да се гордееме. Во изминативе години, заедно со нашите македонски партнери успеавме многу да направиме. Соработката меѓу двете земји се подигна на сосема ново ниво, доби солидна договорно-правна рамка, во согласност со духот на времето, и континуирано се прошируваше на нови области врз основа на разбирливи и заемно прифатливи принципи на еднаквост и обострана корист.

Голем број планови и проекти веќе се реализирани. Во некои работи, можеби, сме можеле да бидеме и поактивни, земајќи ја предвид сета историска одговорност кон нашите два братски народи. Но, никогаш не сме наметнувале ништо, нес ме се мешале во внатрешните работи, ниту имаме намера да го правиме тоа во иднина.

Денес им оддаваме почит на десетици, дури стотици луѓе кои вложија многу напор, време и самопрегорен труд во оваа тешка, но благородна и потребна работа. Мене ми е исклучително задоволство да видам многумина од нив овде, во оваа сала. Убеден сум дека плодовите од вашиот труд им служат на интересите на сегашните, но и на идните генерации, како во Русија, така и во Македонија.

Користејќи ја оваа прилика, би сакал да споделам еден интересен детал. Ова е нота на Министерството за односи со странство на Република Македонија, пронајдена во нашиот архив, датирана од 20 август 1993 година, за воспоставување на официјални односи меѓу нашите две земји. Преведувачот на оваа нота во Москва беше токму јас, на самиот почеток тогаш на мојата работа во Министерството за надворешни работи на Русија. Навистина има право маркантниот руски поет и дипломат Фјодор Иванович Тјyтчев, кој напиша: «Нам не дано предугадать, как слово наше отзовется…», што на македонски би значело: “Никогаш не можеме да предвидиме како ќе се одѕве нашиот збор…”.

Би сакал да му се заблагодарам на раководството на Македонската филхармонија, како и на Македонската опера и балет, за нивната помош околу организацијата на овој настан. Одделна благодарност до квартетот «Филхармонија» и до нашите прекрасни талентирани сонароднички – Ана Кондратенко, Викторија Митеска и Галина Куценко кои љубезно прифатија да изведат денес некои дела од генијални руски композитори.

Наша особена благодарност до директорот Кирил Петров и до вработените во Државниот архив на Република Македонија, во блиско партнерство со кој беше подготвена историско-документарната изложба што денес ја отвараме. Експозицијата која што се предлага на вашето внимание претставува обид преку документи и фотографии да ги отслика пријателскиот карактер на односите меѓу Русија и Македонија, позначајните страници на нивниот развој во историската перспектива, но и на современата етапа.

Потенцијалот на руско-македонската соработка е огромен и е далеку од исцрпен. Русија се залага за натамошно унапредување на соработката со Македонија – толку блиска и интензивна колку за тоа е подготвена македонската страна, за проширување на истата врз нови перспективни сфери. Убеден сум дека развојот на билатералните релации целосно им одговара на очекувањата на народите на нашите две земји, на интересите на мирот, безбедноста и стабилноста на Балканот, но и во цела Европа.

Ви благодарам за вниманието и го поканувам амбасадорот Оливер Крлиу да ви се обрати во име на Министерот за надворешни работи. – стои во говорот на Рускиот Амбасадор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This