МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ЧЕКА НАЈТЕШКАТА БОРБА: Борбата со самиот себе!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во својата претходна колумна елаборирав дека македонскиот народ пати од синдром на самоуништување, па така јасно е дека не чека најтешката борба, борбата со самите себе. Одговорот за тоа како еден народ со вековен континуитет низ историјата се стекна со поривот за самоуништување е едноставен, преку процес на откажување од историјата се откажавме и од својата иднина. Си дозволивме да стане дрво без корен, плод без семка оставен на милост и немилост на единственото нешто кое никогаш не запира, времето.

Сите сме подеднакво виновни и невини, наивни и лицемерени, неискрени пред самите себе си неможејќи да го признаеме својот удел во настаните кои ја доведедоа државата до ситуацијата во која што се наоѓаме сега.

Многу често кога некој ми говори за тоа колку е лошо во мојата Македонија, бидејќи за жал најчесто моите врсници не сакаат да имаат ништо со неа јас им поставувам едно едноставно прашање. Дали некогаш сте фатиле ,,врски’’ за било што во вашиот живот? Најчесто го добивам одговорот , ако не и речиси секогаш ,, да, ама’’ …. Клучниот дел е, ама знаеш сите го прават тоа.

Епа баш поради тоа што сите го прават тоа и јас и вие и тој до вас и тој што го сакате и тој што го мразите и наши и ваши, и нивни и сечии, поради тоа што сите го прават тоа, токму поради тоа живееме во држава во каква што живееме. Наша, а впрочем ничива, сираче кое никој не го сака.

Повторно користејќи историска аналогија ќе споменам нешто кое што исто многу често го говорам, нешто кое е резултат на нашата историја, како резултат на 500 години турско ропство. Македонскиот народ се уште мисли дека плаќа арач на Отоманската империја, а не дека инвестира во сопствената држава, во иднината на своите деца. Оние пак кој го прибираат арачот се однесуваат како бегови кои гледаат начин како со собраните алтани да си приуштат што е можно повеќе удобства, притоа заборавајќи дека не сме во 17 век, 500 годишното турско ропство заврши пред повеќе од 100 години, но по се изгледа недоволен период за да се променат некои навики.

Но да не се враќаме толку далеку да се вратиме пред само 40-тина, 50-тина годни во времето на Југославија, кога партиската легитимација желесни завеси отварала, била патна исправа за во рајот или по ново ,,животот“. Едната партиска книшка по 90-тите за жал сме ја замениле со две, три или четири нови. Во овие моменти ја живееме максимата на филозофот од Шутка која вели дека книшката од владеачката партија е и лична и здравствена и каква си уште не легитимација.

Транзицијата од Југословенскиот систем во новата македонска држава, држава на сите граѓани кои живеат тука никогаш не се спровела до крај. УДБА и понатаму не слуша и следи, и мене и тебе и Македонци и Албанци, партиската книшка повторно е предуслов за успех, а државата и натаму наместо да ги учи граѓаните да ловат риба, ги рани директно во устата со цел да го улови кленот кој попусто амка.

Друг проблем со кој македонскиот народ веќе подолг период се соочува е импотентноста кога станува збор за борбата за своите правдини. Иако овие зборови се длабоко инкорпорирани во нашата свест како дел од македонската химна, на дело тоа не може да биде подалеку од вистината. Народ кој преживува веќе 28 години капитуалција по капитуалација сервирана од неговите политички елити, а притоа не застанува во одбрана на своите правдини може да се нарече само како импотентен.

Но за жал знаете што е најчестиот одговор? Ние сме добар народ, ние сме свесни повеќе од другите, не сакаме конфликти поради тоа така се однесуваме. Епа еве накратко со неколку збора ќе ви кажам дека не сме добар народ, ќе ви ја сервирам суровата вистина. Добар народ, не е оној кој што не може да направи лошо, добар народ е оној кој може да направи лошо, е спремен за акција во секое време, но бира да не го направи тоа, се друго е импотенција.

И повторно ќе ве потсетам на историски случувања, на неуспешни востанија кои придонеле за ваквиот страв од акција на Македонецот. Не одете подалеку потсетете се на Илинденското востание, потсетете се на Карпошовот востание. Овие порази и човечки трагедии, придонеле денес да има повеќе коментари на Фејсбук отколку луѓе на улица во моментите кога се менуваше македонското име или што и да е друго на штета на обичниот граѓанин. Знаете, наведната глава сабја не сече.

Ако мислите дека сум тука да ни дадам оправдување за фактичката ситуација многу се лажете. Првиот чекор за решавање на еден проблем каков и да е негова идентификација, а потоа пронаоѓање на изворот на проблемот. Изворот на нашите проблеми е историјата, поточно нејзината забрана со што неприродно е прекинат еден процес на созревање како нација и учењето на поуките од 2200-те години грешни потези на македонскиот народ. Како резултат на тоа, македонскиот народ никогаш не осозрева и покрај огромните маки страдања, туку го манифестира синдромот на самоуништување.

Токму во проблемот лежи и решението. Учете ја историјата за да не ви се повтори, учете ги вашите деца, внуци, пријатели и роднини за Филип, за Александар, Лидија од Македонија, Кирил и Методиј, Цар Самоил, Делчев, Ченто. Учете ги за вистинската историја на македонскиот народ, а не онаа ,,пријателската’’ која власта се обидува да ја наметне. Осознајте што правеле вашите предци, каде тие згрешиле кои одлуки биле исправни за да можете нешто да научите. Учете историја за да можете да се победите самите себе си, анализирајте го минатото за да ја извојувате најголемата победа која можете да ја имате во животот, победата над самите себе си, победата над вашата судбина.

 

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This