МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е МОЈ НАРОД: Јас никогаш го немам потценето народот, сакам да знае до каде е мојата сила и што можам да направам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секогаш го спомнувам зборот македонски граѓанин, дополнително го потенцирам македонскиот народ, кога сметам дека прашањата за кои зборува најмногу го засегаат токму него, изјави Никола Груевски во гостувањето во Топ Тема, на телевизија Телма.

nikola-gruevski-top-tema

-Во секој мој настап го употребувам зборот, можеби има некој исклучок, пропуст, секогаш го употребувам зборот граѓанин на Македонија, вклучително и синоќа, понекогаш дополнително го потенцирам македонскиот народ, кога станува збор за ситуација кога нешто се однесува најмногу на македонскиот народ, како што беше во случајот платформата, најмногу го засега македонскиот народ. Името на државата, најмногу го засега македонскиот народ бидејќи се чувствуваат Македонци, а името е Македонија. Во такви случаи го потенцирам македонскиот народ, а речиси во сите случаи, можеби има некој исклучок, во сите изјави ги споменувам граѓаните, изјави Груевски.

Тој кажа дека чувствувал дека треба да го информира народот за моќта која сега ја има тој и ВМРО-ДПМНЕ, дека имаат ограничена моќ и дека ако некој реши да ја протурка платформата на сила, ќе ја протурка.

-Јас сакав да го информирам народот, друго прашање е што сум очекувал. Јас чувствувам одговорност пред народот, јас никогаш го немам потценето мојот народ, јас сакам тој да знае до каде е мојата сила и што можам јас да направам. Имам чувство дека треба да знаат дека во тој даден момент кога излегов на телевизија Сител, треба да му соопштам, да го потсетам, не секој е добро упатен во Парламент, број на пратеници, начини, процедури, дека ВМРО-ДПМНЕ, јас како нејзин водач, имаме ограничена моќ и дека ако се реши да се протурка платформата на сила, ќе се протурка, ако народот замолчи и не реагира и не го изрази својот протест и својот револт. Народот тоа го разбра многу јасно и 60 дена по ред излегуваше на улица и го изразуваше својот револт

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This