April 26, 2024, 11:54 pm

Македонскиот Парламент на свечена седница ќе го ратификува Договорот за пристапување во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците денеска во 15 часот ќе го ратификуваат Протоколот за членство на С. Македонија во НАТО. Предвремената ратификација доаѓа откако во Шпанија е почната процедурата за ратификација, но поради нивните закони, истото нема да се случи пред распуштање на македонското Собрание.

Свеченоста ќе почне во Собранието во 12:45 часот, кога ќе пристигне и првиот гостин, д-р Мирослав Туѓман, пратеник и шеф на Хрватската делегација во Парламентарното Собрание на НАТО. Освен Туѓман, на свеченоста ќе присуствуваат и Атила Местерхази од ПС-НАТО, како и Василика Хуси, потпретседателка на Парламентот на Албанија, Цвета Карајанчева, претседателка на Националното собрание на Бугарија, како и Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот на Црна Гора.

На седницата која ќе започне во 15 часот ќе се обрати Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, потоа премиерот Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, лидерот и пратеник на ДУИ, Али Ахмети, по што ќе се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Во име на Независната пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе се обрати пратеничката Нола Исмајлоска Старова, потоа пратеникот на Алијанса на Албанците, Сурја Рушиди, лидерот и пратеник од Алтернатива, Африм Гаши, пратеникот од Беса, Фадил Зендели и Мерал Ферати од ДПА.

Откако ќе поминат сите претставници на власта и партиите, последен ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери, по што на пратениците ќе им се обрати претседателот на Парламентарното Собрание на НАТО, Атила Местерхази.

Откако и официјално ќе се ратификува Протоколот, пред Собранието свечено ќе биде подигнато знамето на НАТО. Ратификацијата има одложено дејство, односно ќе стане официјална откако Шпанија, што се очекува да се случи во март, коа македонското Собрание ќе биде распуштено поради изборите кои се закажани за 12 април.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This