МАКЕДОНСКИОТ ПРАТЕНИК АМДИ БАЈРАМ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМ СПЕКТАКЛ:Со ВИП златно мени,познати пејачи и политичари ќе организира ромски бал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амди Бајрам, македонски пратеник и лидер на македонските Роми, и овој јануари ќе прави голем спектакл.

Тој за 11-ти подготвува Европски ромски бал во македонската метропола. И тоа во вистинска смисла на зборот. Со ВИП златно мени на кое ќе се најдат печени јагниња, италијански, француски, балкански….јадења, ќе ги обори сите кулинарски рекорди. Ветува и најдобри пајалаци.

Лани на овој бал Амди беше облечен како Султан Сулејман. За годинава се уште не открива, сака тоа да биде изненадување за сите. Меѓу познатите пејачи на балот ќе пее и српскиот пејач Драган Којиќ Кеба, свекорот на Северина, па се шушка дека можеби и Северина ќе допатува со свекорот, но тоа не е уште потврдено. За хонорарот на Кеба никој не открива, па ни самиот Амди.

Но со огледа на тоа дека Кеба е скап пејач, претпоставуваме дека фолкерот добро ќе заработи. На бината со микрофонот ќе бидат и Џеј Рамадановски, Мухарем Сербезовски, Џамбо Агушев, Титаник и Азис…. Во ВИП гостите поканети се и премиерот Зоран Заев, претседателот на собранието Талат Џафери, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, повеќе министри,бизнисмени и многу други познати личности.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This