МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СО МАЛИ БУКВИ: Македонија веќе е федерализирана, бинационална држава – Тиранската платформа на дело!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Р.Македонија прва започна со спроведувањето на т.н. Тиранска платформа и концептот на двојазична, бинационална држава која недвосмислено се движи кон федерализација, односно, кантонизација и промена на досегашниот унитарен карактер на државата

 

Носењето на законот за јазици, со кој дефакто Македонија станува двојазична држава, и тоа преку користење на „закон со европско знаменце“ со кој опозицијата нема да има можност да го блокира носењето на истиот, е всушност првиот чекор кон спроведување на Тиранската платформа, која СДС безусловно ја прифати со цел формирање на тесното владино мнозинство.

Но во владата веќе се применува овој принцип на двојазичност и федерална држава.

Имено, функционерите на ДУИ и другите албански партии во коалицијата, веќе го користат албанскиот јазик како официјален јазик, а на седниците на влада е задолжителен преведувач. Бујар Османи дури објави и фотографија на која се гледа дека на неговата персонална картичка со големи букви на албански јазик е испишана неговата дезигнација, а со мали, речиси и незабележителни букви, текстот е преведен и на македонски.

Бујар Османи инаку е вицепремиер за европска интеграција, а вчера најави дека на 13-ти септември ќе биде донесен законот за двојазичност. Освен ова Османи најави дека тој и ДУИ ќе го решаваат проблемот со името со Грција.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This