МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТА БИЛЕ ИНФОРМИРАНИ ЗА KOPOНАВИРУСОТ УШТЕ ВО НОЕМВРИ: За жaл беше изгубено е драгоцено време и не беше направено ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белата куќа, наводно, не била заинтересирана за информациите од разузнавачките слубни, но истите биле пренесени на сојузниците во НАТО, како и Израел.

Израелските медиуми со ексклузивна строија ја информираа јавноста дека сепак разузнавачки информации за новиот коронавирус постоеле уште во ноември 2019-та година кога за прв пат заразат се појавила во кинескиот град Вухан.

Она што е важно за граѓаните на Македонија е дека преку НАТО била информирана и Македонија за опасностите од глобална пандемија, но за жал македонските власти не сторија ништо за да го спречат ширењето на заразата или пак да се припремат за предизвиците кои што следуваат. Напротив Владата на СДСМ во Македонија се спремаше за избори па така потроши неверојатни 120 милиони евра за купување на глас повеќе.

Американските разузнавачки агенции ги предупредиле сојузниците во НАТО и Израел за појава на коронавирус во Кина уште во ноември, објави израелската телевизија во четвртокот.

Според вестите на Канал 12, американската разузнавачка заедница се информирале за појавата на болест во Вухан во втората недела од тој месец и изготвила класифициран документ.

Информациите за појава на болест не биле во јавен домен во таа фаза – и биле познати само очигледно за кинеската влада.

Минатата недела, АБЦ Њуз објави дека американски разузнавачки службеници предупредувале за коронавирусот во извештајот подготвен во ноември од страна на американскиот воен национален центар за медицинско разузнавање.

Да се потсетиме дека во февруари кога болеста се појави во Македонија, македонската власт немаше тестови, заштитна опрема, а респираторите се уште ги чекаме. Најпрвин тестирањето за коронавирус на македонски граѓани се правеше во соседна Србија, а границите уште долго потоа беа ширум отворени.

Извор: Израел Тајмс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This