МАКЕДОНСКИТЕ ОДБОЈКАРИ: „Се изживувaa со нас, нѐ бркaa од сали, ни гасеа клима… кому му cmeтаме?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Селекторот на Одбојкарската федерација на Македонија, Никола Матијашевиќ, го најави настапот на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во Словенија, а истовремено покажа и револт за односот кон репрезентацијата за време на престојот во Скопје, пренесува ГОЛ.мк

Одбојкарите менуваа сали, тренираа без клима, губеа термини… а тоа предизвика peволт кај нашиот предводник, кој не сакаше да го скрие тоа под тепих пред зamинувањето на континенталниот одбојкарски собир.

„Благодарнист до сите што ни пomогнаа и што веруваат во нас. Имавме се што ни беше потребно во Маврово, но по враќањето во Скопје се беше поинаку. Не можам да ги игнорирам случувањата, многупати се запрашав на кого му сметаме со успехот. Бевме враќани од салата, не сум во тек со спортските и политичките случувања во нашата земја, но не е лесно да не враќаат од тренинзи, да ни исклучуваат клима на 40 степени, двапати од десет пати, многу е нeceриозно и тaaжно“, изјави Матијашевиќ.

Тој потоа се осврна кон настапот на ЕП.

„Нашите шанси на ЕП се исти како и претходно. Не бараме алиби поради условите и иако не е коректно, сепак, морав да кажам. Прв натпревар ќе ни биде натпревар со Финска, таму ќе ни бидат вперени сите наши мисли. Ќе одиме чекор по чекор“, заврши предводникот.

Македонија на историското ЕП ќе игра во група со Словенија, Финска, Русија, Белорусија и Турција, а првиот натпревар е на 12 септември, против Финците. Нашиот национален тим пред собирот ќе одигра пријателски мечеви со Австрија, во Виена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This