МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ, ЖИВОТНА МИСИЈА НА МИЈАЛКОВ: Од далечната 1993 година Мијалков станал дел од СМК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Акредитивно на писмо Сашо Мијалков за пратеник од Чешката Република во Генералното собрание на Светскиот Македонски Конгрес и пристапна изјава во Светскиот Македонски Конгрес од 5 јули 1993 година.
mijalkovvvv
Во македонските работи во Европа, Сашо Мијалков е вклучен уште од 1985 година во Берлин, СР Германија.

Контактите уште од 1985 г. се остваруваат во Ресторантот „Ново Скопје“ и “Македонија“ во Берлин кои станаа бедем на македонизмот во Германија и во Европа.

Следејќи ги стапките на татко му, покојниот Јордан Мијалков, кој беше прв министер за внатрешни работи на самостојна Македонија, задоен за Македонија и за нејзината афирмација, самостојност и независност, Сашо Мијалков се бори заедно со други Македонци во Берлин и Европа цели 26 години.

Оттаму и неговиот интерес, за членство во Светскиот Македонски Конгрес кој прерасна во неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, за: духовно, културно и економско обединување на Македонците во функција на македонскиот народ и неговата држава Македонија, заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор, развој на демократијата, заштита и афирмација на човековите и граѓанските права и слободи, и афирмација на основните цели и задачи на ООН, ОБСЕ и Советот на Европа.
saso-mijalkov-akreditivno-pismo

saso-mijalkov-pristapna-izjava

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This