Македонските фудбалери тргнаа за Гибралтар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалската репрезентација на Македонија замина кон Гибралтар каде ќе го почне својот поход во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации.

Денеска од Скопје кон Малага полетаа седум фудбалери кои потоа со автобус ќе го продолжат патот до Гибралтар.

Заедно со Иван Тричковски, Илија Несторовски, Елиф Елмас и Кире Ристевски од интернационалците, како и Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски од „домашните“, кон Малага полетаа и селекторот Игор Ангеловски и стручниот штаб,

Првиот собир ќе биде во Гибралтар, каде ќе се приклучат и останатите повикани репрезентативци, предводени од капитенот Горан Пандев.

Македонија му гостува на Гибралтар на 6 септември, а три дена подоцна на домашен терен ја пречекува Ерменија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This