МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ ГЛАВНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО КЕЛН: „Летаа автограми и селфија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот ракометен „џин“ Вардар ја покори Европа и со злато се враќа од Келн. „Црвено-црните“ ја освоија Лигата на шампионите, а додека чекаа на авионот, беа вистински хит.

Вардарци и пехарот во Лигата на шампионите беа главна атракција на аеродромот во Келн. Летот малку доцнеше, па сите што беа околу решија да искористат шанса да ја овековечат средбата со јунаците на ракометна Европа.

Си направија по некоја фотка за спомен, добија автограми од вардаровите ѕвезди, за вечно сеќавање на Ф4-турнирот во Лигата нс шампионите од оваа година и подвигот кој го направи македонскиот тим, за втората европска круна во историјата.

Претходно, Вардар стана европски шампион и во 2017 година, со победи на Ф4-турнирот над Барселона и ПСЖ. Оваа година, пред избраниците на Парондо паднаа Барселона и Веспрем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This