МАКЕДОНСКИ АДЕТИ:Туркање на чаша со вода за сѐ со леснина да биде!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адет или обичај кој со децении се практикува во повеќето граѓани на Република Македонија е туркање на чаша вода на заминување на пат, почеток на новата учебна година, заминување на невестата од домот и сл.

Дали со нога ќе се турне само една чаша или после заминување ќе му се истури чаша вода од тој што го испраќа е различно кај сите и нема правило – “кој како милува”.

Така е и за тие кои одат на некој пат од каде треба да се борат за успех, некој од дома му истура вода за да оди се брзо, лесно и со успех.

Во суштина истото и денес го практикуваме. Адетот е обичај што станал некој вид закон за извесна средина и што се прави по обичај
традиција или од навика.

Така е секој први септември. Кој живее во зграда најповеќе заприметува рано сабајле дека тука живее некое учениче. Скалите се жива вода.
Со лес да им оди учењето на сите ученици, а најповеќе на првачињата. Дотерани, испеглани, фризуросани и насмејани на првиот училишен ден, Ви посакуваме успешен старт на новата учебна година.

Аирлија и шуткајте чаша со вода! По можност пластична 🙂

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This