Македонски иноватори создадоа нова 3aштитна мacka од kopoнавируcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маска која ги „заробува“ честичките кои се издишуваат во посебни перничиња – без опасност да се пренесе вирус во околината.

Оваа необична маска е изум на македонската Асоцијација на иновации која може значително да ја спречи трансмисијата на корона вирусот.

Однадвор изгледа како и сите обични платнени маски. Но во неа е скриен еден мини систем од мал издувник со две цевчиња. Со помош на нив, јаглеродниот диоксид наместо да се одбие од маската и повторно да се вдиши назад – оди во платнените перничиња.

„Воздухот, нормално, се вдишува низ нос а се издишува преку овие два канали во воздушните џепови. Ниту можете да примите вирус од некого ниту да пренесете. Овој проблем што го имавме досега со обичните заштитни маски е што се издувува воздухот помеѓу маската и лицето и после дел од тој воздух се вдишува.“ истакна Мирко Узелац, претс. на Национална асоцијација на иноватори на Македонија .

Од Асоцијацијата велат дека засега ова е само прототип кој може да претрпи минимални измени. Уверуваат дека маската е сто проценти безбедна и лесна за носење и преку цел ден. Добра вест и за оние кои носат очила – ваквата маска нема да им ги замаглува стаклата.

„Маската може да најде широка примена. Она што посебно е важно е што и после КОВИД-от истата маска може да се користи посебно хирургија, фармација и секаде таму каде што маската треба да се носи цел ден, истакна Мирко Узелац, претс. на Национална асоцијација на иноватори на Македонија .

Маската е „стара“ само 15 дена, па затоа следен чекор е презентација пред производителите и зелено светло за нивно широко производство. Додатните делови на маската, според проценките на Узелац, би ја зголемиле крајната цена на маската од останатите кои веќе се на пазарот за симболични 20 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This