МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ: Не виткајте го ’рбетот за името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Господине Заев, ви се обраќаме од „Македонски манифест“ вам како челник на Владата на Р. Македонија, а во врска со најдраматичната македонска тема последниве 27 години од нашето болно осамостојување, во кое никако да се доосамостоиме. Погодувате дека таа до бескрај драматична и болна за нас тема е нашето исконско име Македонија, на кое се врши атака од таканаречената меѓународна заедница чии господари се Брисел и Вашингтон. Се врши атака не за уништување на тоа име (бидејќи по дефиниција е неуништливо), туку за негово префрлување како културно-цивилизациски имот во катастарот на друг сопственик, во случајов Грција.

Господине премиере, и вие лично и вашата партија знаете дека таквиот акт претставува кршење на основните човекови индивидуални и колективни права. Ние од „Македонски манифест“ сметаме дека тој варварски наум на посегање по нашето изворно име е нов вид геноцид што се тестира врз Македонците, кои се избрани за новиот западен „цивилизациски“ холокауст, како Евреите за време Втората светска војна. Аналогијата ни најмалку не е случајна и произволна.

Господине премиере, нас од „Македонски манифест“, а тоа е јанѕата што го јаде секој чесен македонски родољуб, нè плаши евентуалната подготвеност на оваа влада (дај боже да грешиме) да го жртвува името за таканаречените „евроатлантски структури“, влез во ЕУ и во НАТО, акт што би бил целосно квислиншки и апсолутно антимакедонски. Акт со кој ќе биде избришана целокупната наша историска меморија од неколку милениуми и ќе му се припишат на друг сјајните културно-цивилизациски дарови што се духовен производ на Македонците, подарен како културно благо на Европа и на светот. А тоа би било страшно, затоа што по таквиот геноциден акт ние би биле само безидентитетска маса, живи мртовци во аморалниот и меѓународен западен Вавилон во кој не владее законот на правото, туку бескрупулозниот закон на политиката темелен врз уцена и сила.

Господине премиере, нас од „Македонски манифест“ нè плаши екстремно засилениот притисок од Запад во правец на реализација на завршниот смртоносен удар за наша идентитетска ликвидација. Нè јаде јанѕата дека нашата последна долга политичка криза (доколку е и завршена таа) е само подготовка за него, ударот врз македонската глава ставена под либералдемократската гилотина на западните „мајстори на смртта“ (П. Целан). Повторната молскавична појава по воспоставувањето на новата влада на нам ненаклонетиот меѓународен лисец Нимиц, како и засилените рафални притисоци експресно да го решиме спорот за името на американскиот политички каубој, Хојт Ји, се крајно вознемирувачки и застрашувачки.

Но господине премиере, ние немаме никаков спор за името, ниту е потребно да нудиме некое решение. Едноставно се викаме Македонија и Македонци, милениуми пред да биде варварски населена Америка од белосветски пробисвети и авантуристи, кои извршија невиден геноцид врз домородните индијански племиња. Господине премиере, немојте да го виткате ’рбетот пред катастрофата што ни ја подготвуваат, ако сакате вие лично, вашата влада и партија да бидат позитивно запаметени во македонската колективна меморија, а не како предавници и подлеци, туку како херои и достоинственици. Обрнете силно внимание на тоа!
И никако референдум за името, господине премиере. И Понтиј Пилат го даде Исус на референдум, па со „демократската“ волја на фарисеите беше распнат на Голгота во замена за убиецот Бараба. Сакате ли и вие исто така да бидете референдумски пилати на Македонија и на Македонците? А еднаш во 2004 година, за жал, и бевте тоа. Се сеќавате ли? А и ДПМНЕ, која се самопрогласува за патриотска треба да не биде арогантна и тврдоглава и да се откаже и таа од погубниот референдумски параграф за името во својот манифест. Треба да му се стави крај на пилатството во нашата историја.

Премиере Заев, мислиме дека ова наше обраќање до вас и до вашата влада ќе го сфатите сериозно, бидејќи тоа е обраќање и на сите чесни Македонци родољуби што си ги сакаат својата татковина, род и идентитет, своето име што е праизвор на нивната колективна меморија и автентичен живот по кој сега посегаат поблиските и подалечните хиени.

Писмото од „Македонски манифест“ е објавено во Нова Македонија

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This