April 25, 2024, 10:14 am

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ ПОВИКУВА: Македонскиот народ ДА ГО БЛОКИРА СОБРАНИЕТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Манифест повикува, македонскиот народ ДА ГО БЛОКИРА СОБРАНИЕТО и да не дозволи на антидржавните елементи да го реализират својот пучиски план Б.

Manifest_2

ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЃОРГЕ ИВАНОВ

ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ТРАЈКО ВЕЛЈАНОВСКИ

ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Македонски Манифест предупредува, македонските државни институции и македонскиот народ за така наречениот план Б договорен во Струга од поранешниот терорист Али Ахмети и албанската министерка за одбрана Мими Кодели. Целта на планот е да биде блокиран Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов преку завршување на конституивната седница на македонското Собрание и избор на поранешниот терорист Талат Џафери за претседател на Собранието. На тој начин, секоја одлука за вонредна или воена состојба донесена од Претседателот Иванов мора да помине во Собранието, каде мнозинство ќе имаат антидржавните и антимакедонски елементи. Пред да се конституира Собранието тие одлуки ЕДНОСТАВНО ги носи Претседателот Иванов согласно членови 124 и 127 од Уставот. Понатаму, план Б предвидува создавање на Влада без мандат на Претседателот Иванов и атентат врз него, за да може „законски“ избраниот албански претседател на Собранието да управува со Република Македонија. Тогаш секакви граѓански или политички протести ќе завршуваат со насилство и крв врз македонскиот народ.

Македонски Манифест предупредува, досегашниот претседател на Собранието Трајко Велјановски по ниедна цена да не распишуве продолжеток на конституивната седница на Собранието.

Македонски Манифест предупредува, раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не зарива нож во грбот на македонскиот Претседател и на македонскиот народ преку дозвола за одржување на антидржавна седница на Собранието.

Македонски Манифест повикува, Претседателот Иванов да спречи организирање на собраниски Пуч и избор на терорист за претседател на македонското Собрание. Истовремено, Македонски Манифест повикува претседателот Иванов да побара ИТНА СЕДНИЦА на Собетот за безбедност во Обединетите нации во врска со загрозеноста на Република Македонија од нејзините соседи Албанија и Косово.

Македонски Манифест повикува, македонскиот народ ДА ГО БЛОКИРА СОБРАНИЕТО и да не дозволи на антидржавните елементи да го реализират својот пучиски план Б.

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This