МАКЕДОНСКИ ТИМОВИ ЗА СПАСУВАЊЕ ТРАГААТ ПО ДВАЈЦАТА ПЛАНИНАРИ:Во трагањето учествуваат и екипи од Грција бидејќи немилиот настан се случил во планината од страната на соседна Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тим од седум обучени лица за спасување на планина од Битола, трага по двајца македонски планинари кои синоќа биле пријавени како исчезнати на планината Ниџе, под врвот Кајмакчалан. Од Дирекцијата за заштита и спасување, одделение во Битола информираат дека во трагањето учествуваат и екипи од Грција бидејќи немилиот настан се случил во планината од страната на соседна Грција.

– Според нашите информации групата планинари и туристи од Скопје на планината се искачувале во текот на вчерашниот ден, но две лица не се вратиле во собирното место. Настанот го пријавиле останатите членови на групата, а утрово тим од Битола со специјално обучени лица за спасување на планина замина на Кајмакчалан каде заедно со колегите од Грција ќе трагаат по исчезнатите лица. Побаравме и помош од воздух и очекуваме да биде вклучен хеликоптер на МВР, но заради влошените временски услови и густата магла, хеликоптерот во овој момент не може да ја надлетува планината, изјави за МИА, Димче Јошевски, претставник на Дирекцијата за заштита и спасување, одделение во Битола.

Според информации на МИА, цела група планинари и туристи се од Скопје. Тие викендов престојувале во едно грчко зимско одморалиште и се рекреирале на планината Ниџе. Лицата по кои се трага се маж и жена на возраст од околу 30 до 35 години.

Од МВР претходно информираа дека во Секторот за внатрешни работи Битола рано утрово околу 03:00 часот било пријавено дека на две лица-планинари, кои биле дел од група планинари од Македонија, едно машко и едно женско лице, им се губи трагaтa на планината Ниџе.

Настанот го пријавиле останатите членови на групата.

Според нивното кажување, по кратко време откако тргнале да се искачуваат на планината од страна на Република Грција, двајца членови се изгубиле, соопшти МВР.

За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и грчките погранични служби.

Набргу потоа, телефоните на двајцата планинари се лоцирани на 100 метри во територијата на Република Македонија. Засега не е познато во каква состојба се планинарите. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This