МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО ПРОПАЃА ВО МИЗЕРИЈА: Македонија на светското дно во капитални инвестиции во здравството!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За нешто повеќе од една година, Македонија го проби дното во сите економски показатели како што покажуваат ранг листите на светските организации, а од економија со најбрз раст во овој дел на Европа, се претвори во стагнатна со назадувачки тренд. Најавените капитални инвестиици ги нема на повидок, а за 11 месеци од оваа година реализирани се нешто повеќе од 40% од најавените проекти, односно, завршени се само оние започнати од ВМРО-ДПМНЕ што значи дека нови проекти нема


Ваквата слика е апликативна и во секторот здравство, каде во последнава година е забележан стрмоглавен пад на инвестициите во здравството. Ако до 2016. година во Македонското здравство беа инвестирани речиси 500.000.000 евра во опрема, инфраструктура, специјализации и дообуки на медицинскиот кадар, оваа година според Светската здравествена Македонија е на дното во светски рамки кога станува збор за инвестиции во здравството.

Иако најавувани, 100.000-те илјади денари плата за лекарите остануваат само сон, далеку од целосна реализација, иако оваа реформа беше ветена дека ќе биде исполнета уште во првата година. Наместо тоа, Министерството за здравство реши да ги намали, а во одредени случаи и да не исплаќа плати на здравствените работници и помошниот и технички персонал во здравството.

Намалени се и котизациите на општите лекари и стоматолозите, кои пак протестираа пред министерството за здравство, но за жал не добија доволно внимание од провладината медиумска машинерија ставена во служба на зачувување на кревкиот социјален мир во државата.

Инвестициите пак во инфраструктурата се сведени на минимум, односно на оние непоходните. Кога не би било трагично, можеби би било комично, но градоначалниците на СДСМ неодамна ги соопштија отчетите за сработеното во изминатата година, фалејќи се со асфалтирани 1.000 метри улици. Некои пак се пофалија со отворање на полски тоалети (сериозно), други пак со рамнење на шахти на улиците.

Автопатите и другите големи инвестиции се ставени на чекање.

Клиничкиот центар, кој беше проектиран да заврши со изградба следнат година, абер нема да започне, откако Филипче и владата на СДСМ го стопираа проектот, па бараа локација во скопско Злокуќани. Откако не ја најдоа, го пролонгираа проектот до следната година.

Абер нема ниту инвестициите во кардиохирургијата, која наместо да се унапредува во државни рамки, сега е префрлена во јавно-приватната сфера, а најсложените и најскапи кардиохирушки интервенции ќе се изведуваат во болницата на Жан Митрев, човек кој учествуваше во кампањата за промена на државното име на СДСМ, повиуквајќи ги граѓаните да излезат на референдум и да гласаат „За“.

Набрзо потоа, тој го промени и името на својата болница, од „Филип Втори“ во „Жан Митрев Клиник“.

Важно, велат злобниците, Радиодифузна такса не се плаќа. Нели?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This