МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ЈА БРАНУВА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА ВО ГРЦИЈА: Опозицијата бара итно свикување на состанок на парламентарната Комисија за надворешни прашања и одбрана!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Итно свикување на состанок на парламентарната Комисија за надворешни прашања и одбрана и известување од надлежните министри Никос Коѕијас и Панос Каменос, меѓу другото и за „македонското прашање“ , бараат 14 пратеници од Нова демократија, кои што се членови на Комисијата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во дописот до претседателот на комисијата за национална одбрана и надворешни прашања, Константинос Дузинас, тие пишуваат дека „сериозните геополитички случувања во Европа и во поширокиот регион на Балканот и Источниот Медитеран наметнуваат итно одржување на суштинска парламентана дискусија“.

Пратениците од Нова демократија меѓу конкретните теми го наведуваат и прашањето за името, односно „критичните одлуки што земјата ќе биде повикана да ги донесе за клучните прашања во надворешната политика, како што е моменталната фаза на македонското прашање“, но и за кипарскиот проблем.

– Опозицијата бара итно свикување на конкретната Комисија за господата министри за надворешни работи и за одбрана да ги информираат политичките сили за сите аспекти на меѓународната политика на земјата, пишуваат во дописот 14. пратеници од Нова демократија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This