МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО УБИЕНО ВО КАНАДА: Семејството Пејчиновски убиено во Канада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триесет и девет годишната Красимира Пејчиновски и нејзините две деца, 15 годишниот син и 13 годишната ќерка се убиени пред три дена од партнерот на жената, 29- годишниот Кори Фен, во Торонто, Канада.

Полицијата како единствен сторител за трикратното убиство на мајката и двете деца го сомничи Кори.

Красимира Пејчиновски

Тој е уапсен ден по убиствата. Кори Фен не бил татко на 15 годишниот Рој и неговата 13 годишна сестра Веналија, вели полицијата во Онтарио. Се истражува како Фен ги извршил убиствата. Светските медиуми пренесуваат дека таткото на двете деца бил Македонец со кого Красимира била разделена.

Рој Пејчиновски

-Телата на жртвите се однесени на обдукција и потоа ќе имаме информации за начинот на кој се убиени, велат од полицијата.

Блиски пријателки на Красимира, која по потекло е од Бугарија, изјавиле дека таа сакала да стави крај на врската со 10 години помладото момче, бидејќи ја малтретирал. Кога дознал дека Красимира сака крај на врската почнал да и се заканува бидејќи не сакал да се разделат.

Како што пренесуваат американските медиуми, мајката десет години работела во спа центар. Нејзиниот син Рој бил талентиран хокеј играч и вистинска ѕвезда меѓу неговите врсници. Овој случај се води како домашно насилство, а медиумите веќе анализираат како општеството има превентивна улога во овој вид на насилства.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This