Македонско сценарио во Србија: Вучиќ цела година пoиcлyшкyван, има снимки и за неговиот брат и син

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од полицијата го прислушкувале претседателот на Србија, Александар Вучиќ, околу година и половина, а покрај шефот на државата, како што дознава српскиот Курир, имало и цел список на лица кои биле ставени на незаконски мерки за прислушкување.

Прислушкувани се и разговорите на дел од семејството на претседателот на Србија – неговиот брат Андреј Вучиќ и постариот син Данило Вучиќ, директорот на БИА, Братислав Гашиќ, Милош Вучевиќ, градоначалник на Нови Сад и потпретседател на СНС, Никола Селаковиќ, шефот на дипломатијата, Владимир Ѓукановиќ, член на претседателството на СНС и пратеник, но и Звездан Терзиќ, првиот човек на фудбалскиот клуб Црвена Звезда.

Прислушкуван е Претседателот на Србија, а исто така се прислушкувани неколку членови на неговото семејство и некои од водечките луѓе на СНС, пред се оние кои имаа контакт со Александар Вучиќ. Тоа е целиот список. Зад оваа акција стои дел од полицијата. Набавена е специјална опрема, неофицијално, никој не знаеше за тоа. Во зградата на Министерството за внатрешни работи се наоѓаше тој центар од каде што ги прислушкуваа разговорите – наведува изворот на Курир, а на прашањето како е можно никој да не знаеше за тоа, и тоа доста долго време, тој објасни:

Собранискиот одбор за контрола на безбедносните служби ги контролира службите, но не и Министерството за внатрешни работи. Никој не знаеше ништо за набавката на таа опрема. Слушаа кого стигнаа.

Клопкото почна да се расплетува кога неколку лица, полицајци, сфатија кој е метата на мерките за незаконско прислушкување.

Кога некои од полицајците сфатија кого слушаат, тие му ги однесоа снимените разговори на претседателот на Србија – додава истиот извор.

Претседателот на Србија во интервју за новогодишното издание на Курир откри дека бил прислушуван. Вучиќ тогаш рече дека бил прислушуван околу година и половина, дека има докази за тоа – свои снимени разговори, како и дека смета дека знае кој стои зад сето тоа. Наскоро пристигна и потврда од министерот за полиција Александар Вулин, како и најава дека полицијата ќе открие кој стои зад оваа афера.

Медиумите јавуваат дека веќе е започната опсежна и детална истрага за тоа кој, по чија наредба и со каква цел, го прислушувал шефот на државата. Во тек се сослушувања, пред се, на припадници на Службата за специјални истражни методи на Управата за криминалистичка полиција, а истражните дејствија ги извршува секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи. Службата за специјални методи на истрага е одговорна, меѓу другото, и за спроведување на електронски надзор.

Раководител на овој сектор беше Дејан Миленковиќ, кој беше отпуштен на почетокот на септември 2020 година. Извори на Курир од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека Миленковиќ бил отпуштен токму затоа што се дознало дека се прислушува врвот на државата.

Зоран Драгишиќ од Факултетот за безбедност вели дека е потребно што е можно побрзо да се утврди кој го прислушкувал претседателот на државата.

Претседателот не кажа целосно кој го прислушкувал. Тој е претседател на Републиката, но и претседател на Советот за национална безбедност. Ова мора да се испита до крај. Најдобро би било сите да се воздржат од шпекулации се додека не дојдат до докази што се резултат на истрагата – рече Драгишиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This