April 20, 2024, 11:42 am

МАКЕДОНСКО ТУРСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА ДО ТЕВДОВСКИ: Стапување на сила на законот за доход за месец и половина ќе создаде проблеми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членките на Управниот одбор на Стопанската комора Македонија – Турција – МАТТО на средбата со министерот за финансии Драган Тевдовски му порачаа дека стапување на сила на законот за доход за месец и половина ќе создаде проблем.

Целта на средбата беше презентирање на даночната реформа и Нацрт Буџет за 2019 година.

-Буџетите на компаниите се завршени уште во октомври и дека стапување на сила на измените на законот за доход за месец и пол дена ќе создадат проблемите. За секој инвеститор регулаторна предвидливост е знак на сигурност и доверба во однос на државата во која се инвестира, стои во соопштението од МАТТО.

На средбата е истакнат проблемот на недостиг на квалификувана работна сила и се предложи наместо даноците да се преливаат во социјална помош тие да се дадат како поддршка за доквалификација на невработените но по конкретни потреби на компаниите, наведуваат во соопштението од МАТТО.

Оттаму додаваат дека доколку не се преземе нешто турските инвеститори ќе мора да увезуваат професионален стручен кадар од Турција.

Министерот Тевдовски, се заблагодари на турските инвеститори за довербата да вложуваат во Македонија, како и на турската држава за подршка на Македонија во меѓународни односи.

Тој истакна дека Министерство е транспаретно и отворено за секаква комуникација со компаниите било во однос на поплаки било во однос на предлози за унапредување на деловна и инвестициска клима.

Средбата се одржала вчера, а целта била презентирање на даночната реформа и Нацрт Буџет за 2019 година

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This