МАКЕДОНЦИТЕ БИЛЕ ПЛЕМЕ: Ида Протуѓер со расистички испади во колумна на „Фокус“, доби одговор од Трифуновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Можеш да живееш во земја која се вика Македонија, а да те идентификуваат со племе, луѓето да живеат крајно недостоинствено и да се проколнуваат меѓусебно. Можеш, од друга страна, да живееш во земја која се вика Северна Македонија, но да живееш во достоинствени услови и да се идентификуваш со луѓе што се чесни, вредни и цивилизирани.“ Во ова излагање, во неделникот ФОКУС, се врши отворена супермација на една група на луѓе (подржувачи на идеата за Северна Македонија, чесни вредни и цивилизирани) врз друга група на луѓе, етнички македонци, доминантна етничка заедница во Република Македонија според последниот попис, кои се племе. Супермација на една група на луѓе споредена со друга, е школски пример за расизам.

Во слободно општество можеш да бидеш што сакаш, само прашање е: Зошто нашите дипломати не ги бранеа нашите слободи, туку влегоа во трговија со нив?

Почитувана Ида, Јас сум македонец по сопствен слободен избор, претприемач со сопствен бизнис кој плаќајки данок и ги храни твоите „чесни“ и „вредни“ Северно-Македонци напикани по јавната админситрација, и како таков живеам многу подостоинствено да речеме од НВО секторот кој проси милостиња од секакви белосветски бараби. Бидејки во твојот текст нафрлаш имиња на автори, пробувајки да создадеш илузија на образувана и информирана личност, во овој текст ќе ти објаснам, и на тебе, и на таквите како тебе, дека сте прво неписмени на темите кои ги отворате, и второ дека вашето цмиздрење по ЕУ фондовите (читај незаработените пари) е единствената логика за плукање против оваа земја и народ, кои ниту тешто ти згрешиле, ниту нешто ти должат.

Кориситш етички експерименти, според кои жртвувањето на еден човек, за да се спасат петмина, бил етички исправен момент. Поентата тука е дека треба Македонија и Македонците треба да поднесат жртва, во името на „Општественото Добро“. Жртвувањето на живи луѓе, без разлика дали се работи за нивниот живот или достоинство, е племенски култ против кој ти отворено зборуваш. Ацтеките и Апачите колеле млади девојчиња, додека твоите Хитлер и Сталин (кои исто така ја сакале Обединета Европа) масакрирале евреи и „буржуи“ во името на „општественото добро“. Сите тоталитаризми во минатото и денес, почивале токму врз твојата логика, врз логиката на жрвтување во името на „Општественото Добро“. И сите нивни жрвти биле опишувани одприлика со твојот речник, како племиња или орди без кои светот би бил демек поубав. Ете тоа е твојата логика, тоталитарна и крајно нетолерантна. Тоа што македонците денес се третирани како евреите во 1930-тите, не говори за нив, туку за тие што така ги третираат.

Врвна цивилизациска доблест се слободите на човекот поединец. Јас сум македонец бидејки ЈАС така сакам, и немам намера да чепкам по гробови за тоа да го објаснувам, оправдувам или докажувам. Исто така се идентификувам со државното знаме на РМ, но и со Ѕвездата од Кутлеш. Она општество кое е слободно, не прави проблем од ваквите принципи. Мој живот, мој имот, мое тело, мој проблем. Никој нема право да ме ограничува што ќе правам со себеси, како ќе се идентификувам, и како ќе се изразувам. Така функционира слободно општество, и врз таквите принципи е градена Европската Цивилизација, за која ти и таквите како тебе, ниту имате поима, ниту имате виуга да ги разберете…со оглед на тоталитарниот просек кој ви е напикан во главите, по државние установи и сличните дувла на ЕУ.

Слободното општество се руши со колективистички догми, од кои најмодерни се комунизмот и фашизамот, идеологии кои Вашите интелектуалци толку неуспешно се трудат да ги одвојат, ама за тоа во друга прилика. Комунизмот и фашизмот како најкрволочни идеологии во поновата историја, почнуваат со хумана агенда на економски план. Со патетично нарикање за сиромашните и пропаднатите работници, кои треба да се хранат од заеднички колективен казан. Твојата ЕУ, е токму на таков почеток. Твојата ЕУ денес нуди заеднички чорбалуци за сркање, олицетворени во ЕУ фондовите, од кои ти и твоите пајташи очигледно имате намера да сркате, само ви сметаат непослушните македонци, кои нели, треба да се жртвуваат…исто или слично како евреите и буржуите во минатото. Твојата ЕУ денес гази врз легитимните влади, не признава референдуми спротивни на рајх-канцелариите од Брисел, не признава слободен пазар на државни обврзници, ја гуши слободата на медиумите со тоталитарни кованици од типот „Говор на Омраза“ „Микро-Агресија“ „Тригеринг“ и се почесто зборува за гушење на слободите и на интернет. Твојата ЕУ е проблем, како и балканските будалаштини на Грција кои во ЕУ станаа „Евро-стандарди“.

Ако сакаш пари, создади производ и продавај го на пазарот. Јас со својот слободен избор да бидам македонец, воопшто не сум ти виновен доколку не успееш во животот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This