April 24, 2024, 11:47 pm

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ЈА ПРОСЛАВИЈА ВАСИЛИЦА: Со огнови, колбаси, вино и топла ракија Македонците во Албанија ја прославија Василица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонците во Албанија традиционално го прославја празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар.
Makedonci_albanija_vasilica (2)

– Меѓу Македонците во Албанија, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, празникот е познат како Василица или Сурова, и се прославува во духот на македонските обичаи и традиција. Синоќа се палеа Василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се печеа колбаси, месо и се пееја песни, вели Васил Стерјовски.

Makedonci_albanija_vasilica (1)
Според традицијата наследена од дедовците прадедовците, додава Стерјовски, деца маскирани и со музички инструменти во рака одат од куќа во куќа пејат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе.

За Василица домаќинките подготвуваат погача или пита со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.

Тие, како што соопшштува Стерјовски, сега се подготвуваат за големиот празник Водици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This