МАКЕДОНЦИТЕ ВО АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВОЗНЕМИРЕНИ ПОСЛЕ ЖЕСТОКИОТ НАПАД: Во моментов десетици македонски граѓани се наоѓаат во базите Аин ал Асад и Ербил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во базите Аин ал Асад и Ербил во моментот се наоѓаат повеќе десетици македонски граѓани кои работат во американската компанија КБР која обезбедува цивилна логистичка поддршка на армијата на САД, пренесува Телма.

 

 

 

Според информациите никој од нив не е повреден иако се вознемирени по жестокиот напад од Иран врз двете американски бази.

Неколку часа пред нападот поради прогласена тревога од највисок степен, вработените во базите биле префрлени во бункерите кои служат како скривници пред евентуални воздушни или рaкетни напади.

Голем дел од вработените во двете бази се од Куманово. Дел од нив се подготвуваат за враќање дома или на одмор или поради прекин на работниот однос со фирмата КБР.

Во моментот нема тревога, а за транспорт кон Македонија се чека потполно смирување на состојбата бидејќи бомбардираната база Ербил служи како транзитен аеродром за припадниците на американската армија како и за вработените во воените бази.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This