Македонците во Бугарија – Се сpaмимe од оваа анти-македонска Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ви се обраќам во мое име и од името на моите истомисленици како активисти и поборници за правата на Македонците во Бугарија. Од комунистичкиот режим на Живков па до ден денешен нашата борба не запира за признавање на посебноста на Македонскиот народ во Бугарија! И нема да запре! Како одминуваа годините така ние Македонците бевме се поблиску до нашата цел т.е признавање на посебно македонско малцинство во Бугарија, порачува Иван Сингартијски, копретседател на ОМО Илинден Пирин.

„Но се додека не се појави Зоран Заев! Тие и тој се откажаа од нас како Македонци па од малцинство станавме дијаспора без никакви права!

Од мое лично име и од името на многу Македонци во Бугарија кои се срамат од оваа анти-македонска и квислиншка влада Ве повикувам на 15-ти Јули да се обединиме и да го дадеме нашиот и вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е единствената македонска опција која јасно и недвосмислено покажа и ќе покаже дека нема да ги напуштиме идеалите на Гоце и Јане! Да се исправиме пред неправдите и да избереме Обнова на Македонија“-порача тој од име на здружението!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This