МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВИЕНА НА ПРОТЕСТ:Доста беше со тргување со националните и државните интереси на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските граѓани што живеат и работат во Виена, денеска протестираа во главниот град на Австрија, изразувајќи го својот револт од иницијативата за воведување на двојазичност во Република Македонија што ја покрена претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

viena-makedonci

Како што јавува дописникот на МИА од Виена, повеќе од 200 Македонци со транспаренти „Против двојазичност во Македонија“, „НЕ за федерализација на Македонија“ и „Доста ни е од предавници“ протестираа на обидот за менување на според нив уставниот поредок во македонската држава.

– Според Уставот на Република Македонија, службен јазик во државата е македонскиот и неговото кирилично писмо. Така треба и да остане! Доста беше со тргување со националните и државните интереси на Македонија – револтирано во еден глас порачаа во Виена.

По еден час, македонските граѓани мирно се разотидоа, посочувајќи дека ова е вторпат за шест месеци да протестираат во Виена за обидите преку политичката дестабилизација што во Македонија според нив ја прави опозициската СДСМ да се загрозува опстанокот на македонската држава. Претходно, во мај оваа година, Македонците од Австрија протестираа пред седиштето на Европската унија во Виена каде требашеда се одржат преговори на лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија, што во последен момент беа откажани.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This