April 23, 2024, 12:45 pm

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА БИЛЕ ДЕЛ ОД ХЕЛЕНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО: Тие имале свои грчки традиции, ние сме говореле јазик кој е дел од словенската група на јазици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за МИА, Зоран Заев одби да одговори на кој јазик говорел Македонците во Егејска Македонија. Тој забележа дека граѓаните кои живеат во соседна Грција се дел од хеленското културно наследство и со нивни грчки традиции.

Премиерот Заев вели дека Договорот е јасен во однос на користењето или не на зборот „македонски јазик“ кај населението во Северна Грција.

– Ако го следиме духот на пријателството многу лесно ќе се објаснуваме. Прво факт е дека нашиот јазик е македонскиот јазик, тоа е прифатено во договорот. Истовремено е факт дека е од групата словенски јазици. Научен, потврден факт. Исто така е јазик на сите граѓани кои живеат во Македонија и во дијаспората. Но тоа е различно од хеленското културно наследство, со нивните традиции. Тоа е разграничено. И во духот на добрососедството, и градењето на пријателството, треба да имаме разбирање за вакви прашања. Токму тоа и министерот Димитров го објаснува, и на крајот реков – идентитетските прашања се лични, нешто што го носиме во градите, тоа никој не може да го смени, вели тој.

Запрашан дали е проблем да се каже дека таму се зборува македонски, Заев вели дека тоа е право на Грција, и тоа треба тие да го коментираат.

– Со наше невнимание би можеле да предизвикаме незгодни ситуации поради тоа што имаме јасен и прецизен договор, што ние политичарите треба да веруваме во него и внимателно да го имплементираме, а после тоа и граѓаните на двете земји, така што оставам тоа Грција да си го коментира, тие си имаат свој начин на поставување на работите, ние ги почитуваме, тие се наш стратешки партнер, истакна премиерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This