МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАЛТА БАРААТ ОТВОРАЊЕ НА АМБАСАДА: Не сакаат да ги покрива таа во Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Брзорастечката македонска заедница во Малта бара отворање амбасада во Валета, наместо како сега да биде покриена од таа во Рим.

„Не може амбасадата во Рим да е надлежна за Малта, каде има околу 12.000 Македонци. Потребно е да имаме и ние амбасада. Со проширување на ингеренциите на амбасадата во Рим и за Малта, ние како заедница не добивме никави олеснувања во административните работи. Напpoтив, речиси никогаш никој не се јавува на броевите во амбасадата, па нашите граѓани мораат да се снаоѓаат кој како може.
Откога надлежноста е проширена и за Малта, до ден денес ниту еднаш не се организирани конзуларни денови во Малта. Тоа говори за непpoфисениолниот однос на оние кои се одговорни во амбасадите. Жално е што одредени амбасадори оваа фунција ја гледаат како награда и можност за живеење во некоја држава, наместо како реален сервис на граѓаните“, констатира претседателот на Македонска заедница во Малта, Максимилијан Казаков, во статус на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This