МАКЕДОНЦИТЕ ВО СТАТИСТИКИТЕ НА БАЛКАНСКИТЕ И ЕВРОПСКИТЕ ЕТНОГРАФИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дека историјата на Македонија и на македонскиот народ секогаш била фалсификувана од страна на соседните иредентистички пропаганди е одамна позната работа, но претстои периодот кога на светот треба да му ја претставиме вистинската вистина за македонизмот на овие простори. Да ги побиеме небулозите кои се граничат со лудост дека македонската нација е вештачки создадена во периодот после Втората светска војна, дека Тито е креаторот на идентитетот на Македонецот, небаре цел народ преку ноќ од Срби и Бугари се претопил во Македонци, затоа што Тито така им кажал. Од аналите на историјата, на површина се повеќе излегуваат бројни документи и непобитни докази, кои го потврдуваат постоењето на Македонецот пред сите други на целата територија на етничка Македонија. Асимилаторските пропаганди и покрај нивната жестина не успеаја да го искорнат македонскиот пиреј. Неистребливата трева наскоро ќе ги исуши сите нивни наци-фашистички проекти и стратегии. Во тој прилог сведочат и следните факти.

ГРЧКА, БУГАРСКА И СРПСКА СТАТИСТИКА ЗА МАКЕДОНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА

balkan views Greek C. Nikolaides 1899 Bulgarian Kenchov 1900 Serbian Gopchevich 1886
Macedonian Slavs
454,000

Serbs

400

1,540,000

Bulgarians

1,037,000

Greeks
656,300

214,000

201,000

Turks and others
576,600

610,365

397,020

Грчкиот етнограф Николаидис, за разлика од неговиот бугарски и српски колега, Кенчој односно Гопчевиќ, нуди поинаква статистика за постоењето на македонското население во Македонија. Интересен показател за Николаидис, кој по потекло е Грк, е што го признава постоењето на македонската нација во 1899 година, како посебна нација различна од другите. Иако ги пишува како Македонски Словени, сепак со тоа докажува дека Македонците се народ различен од српскиот, грчкиот и бугарскиот. Во периодот во кој живее, тој собрал и многу докази со кои ја докажува посебноста на Македонците во однос на Србите и Бугарите.

НЕЗАВИСНА ЕВРОПСКА СТАТИСТИКА ЗА МАКЕДОНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА

neutral views German Dr. K. Ostreich 1905 Austrian K. Gersin 1903 English Andrew Rousos
Macedonian Slavs
1,500,000

1,182,036

1,150,000

Serbs

Bulgarians

Greeks
200,000

228,702

300,000

Turks and others
550,000

627,915

400,000

Уште поконкретни и за нас многу поважни податоци нуди неутралната статистичка анализа на германски, австриски и англиски етнографи за постоењето на македонското население. Истражувањата покажале дека Грците пред поделбата на Македонија, биле навистина мала етничка група која броела околу 10 % од вкупната популација, додека според тројцата ( Острич, Гершин и Роуз ), Срби и Бугари на територијата на Македонија воопшто и немало. Овие етнографи се само неколку од многуте неутрални автори кои го докажуваат постоењето на македонскиот етнос. Тие детално ги уништуваат тезите и небулозите на Грција, Србија и Бугарија дека во Македонија не постојат Македонци. Меѓу другото, тие пишуваат дека Македонија им припаѓа на Македонците. За бугарската и српската официјална пропаганда, едноставно велат дека е фалсификаторска во однос на македонската нација. Авторот Карл Хрон од Австрија, пак ќе запише:

”Следејќи го српско-бугарскиот конфликт дојдов до заклучок, според кој Македонците, во контекст на нивната историја и нивниот јазик, се посебна нација што значи дека тие не се ниту Срби, ниту Бугари, туку се група која го населува Балканот далеку пред Србите и Бугарите и кои подоцна не се измешале со ниту една друга нација на полуостровот. Што се однесува до македонскиот јазик, тој си има свои гласови, сопствени граматички правила и форми, што го одвојува од останатите јазици.”

Оваа анализа своевремено беше поддржана и од други грчки и бугарски автори. На пример, бугарскиот славист и етнограф, Драганов за време на неговите студии од 1887-1894 година и уште еднаш во 1903 година, го докажува постоењето на Македонците и македонскиот јазик како посебна нација и посебен јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This