March 29, 2024, 10:26 am

МАКЕДОНЦИТЕ ДЕНЕС ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ: Албанците се уште се дома – одѕив по општини во 13 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општините во кои доминира македонско население се наоѓаат на врвот на листата на општини со најголема излезност до 13 часот на денешните претседателски избори. Најголема излезност има во Крива Паланка, каде до 13 часот гласале речиси 40 отсто од гласачите. Наспроти македонските општини, општините во кои доминира албанското население е далеку послаба. Ниту една општина со доминантно албанско население не се најде на листата на општини со над 30 отсто излезност. Излезноста во овие места се движи од 4 до 13 отсто.

Општини со најголема излезност до 13 часот:
Крива Паланка 39.69%
Демир Капија 36.36%
Пробиштип 34.94%
Пехчево 34.77%
Свети Николе 34.66%
Крушево 34.33%
Прилеп 33.87%
Кратово 33.82%
Гевгелија 33.07%
Македонски Брод 32.95%
Лозово 31.85%
Ранковце 31.67%
Пехчево 31.53%
Неготино 31.27%
Новаци 30.89%
Штип 30.68%
Карбици 30.50%

Општини со најмала излезност до 13 часот:

Арачиново 12.87%
Кичево 11.25%
Пласница 10.48%
Тетово 10.42%
Струга 10.15%
Студеничани 9.79%
Маврово Ростуше 9.15%
Сарај 9.07%
Липково 8.78%
Дебар 8.59%
Теарце 8.35%
Гостивар 8.18%
Центар Жупа 6.96%
Боговиње 6.21%
Врапчиште 6.12%
Желино 4.22%

20,52 отсто од избирачите излегле на гласање до 13 часот во вториот круг од претседателските избори, соопшти Државната изборна комисија по обработени 99,11 отсто од избирачките места.

Тоа се 367,692 од вкупно 1,808,131 гласачи. За да биде успешен вториот круг, неопходно е да гласаат 40 отсто од избирачите, т.е. 723.252 гласачи. Во првиот круг, излезноста до 13 часот беше 20,05 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This