- Advertisement -
Имаме вистинско македонско срце, Македонците нема да се предадат никогаш, изјави селекторот Лино Червар по мечот со исланд и пласманот во осминафинале. Со нерешениот резултат Македонија ја избегна Франција и ќе огра против Норвешка.
-Издржавме. Имавме страшни пехови без Mиркуловски и Манасков. Без нив се извлековме и покажавме дека имаме вистинско македонско срце. Македонците нема да се предадат никогаш, пoкажаа македонски карактер и им честитам. Играчите се заслужни. Тие се најбитни, рече Червар.