МАКЕДОНЦИТЕ ОД ДИЈАСПОРАТА ЌЕ ГО ТУЖАТ ЗАЕВ: Ако го промени името, дијаспората најави тужба против Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонското меѓународно движење за човекови права кое делува од дијаспората најави дека ќе го тужи премиерот Зоран Заев доколку го промени името на Македонија, како и идентитетските одреденици, а исто така правни мерки ќе преземат и против сите вмешани политичари во таков вид на договор вклучувајќи ги и премиерот Ципрас и министерот за надворешни работи Коѕијас од грчката влада.

„ММДЧП бара итен, судско нареден крај на незаконските и неуставни преговори за името и тужи за оштета од сите именувани страни во име на Македонците од цел свет за безсрамното прекршување на сите повелби за човекови права на Обединетите Нации и другите меѓународни организации. Незаконското наметнување нови услови за членство на Македонија од страна на Обединетите Нации го прекршува членот 4 од Повелбата на ОН и ги прекршува членовите 2 и 15 од Сеопфатната повелба за човекови права“ велат од организацијата.

ММДЧП е актуелна во Македонија со објавата на повеќе рекламни постери со кои се истакнува „македонштината“ па затоа барат прекин на преговори.

„Преговорите и предложеното менување на името на Македонија, идентитетот, јазикот, историјата и етничкото потекло, ги имаат вратено назад за десетлетија успесите во човековите права на Македонците и ги засенува сите стандарди за човекови права кои обвинетите се обврзани да ги поткрепуваат.

Негативното емотивно влијание што Македонците го преживуваат, морајќи да следат како за нивниот етнички идентитет се преговара од страна на именуваните страни – кои се обврзани да ги почитуваат основните стандарди за човекови права – е неизмерно. Гледајќи ги застрашувачките, расно наелектризирани протести во Грција, барајќи искоренување на Македонија и нашата македонска етнинкост, доведе многу Македонци да се плашат јавно да го објавуваат својот македонски идентитет. Понатаму, фактот дека именуваните странки активно учествуваат во отстранувањето на еден цел етнички идентитет на групата, предизвикува тешка емоционална вознемиреност и предизвикува сеќавања на тешките злоупотреби на човековите права – само врз основа на нивното македонско етничко потекло – кои овие лица веќе ги имаат преживеано.

Затоа, ММДЧП нема алтернатива освен да ги користи судовите за да тужи за оштета и да бара итен крај на анти-македонските преговори за името под покровителство на ОН“ соопштува организацијата.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This