МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ СЕ КРЕВААТ НА НОЗЕ: Виножито од универзитетот „Македонија“ во Солун побара изучување на македонскиот јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во програмите на вашиот универзитет треба да го промовирате и изучувањето на македонскиот јазик, јазикот што се зборува кај нашиот сосед и во Северна Грција, пишува во писмото на Виножито, партијата на Македонците во Грција, испратено до ректорот на универзитетот „Македонија“ во Солун, пренесува порталот МКД.

Во писмото на политичкиот секретаријат на Виножито се потсетува на Договорот од Преспа и признавањето на македонскиот јазик и националноста на граѓаните на „нашиот сосед“ кои сега се и официјално признаени и од нашата земја.

„Знаејќи дека целта на овој универзитет е промоција на знаењето за јазиците, за историјата и културата на балканските земји на универзитетско ниво, сметаме дека е сосема разумно да се изучува и јазикот на нашиот сосед. Ние би сакале да ве замолиме да го претставите и модерниот јазик на кои се зборува и кај нашиот сосед и во Северна Грција и да стане дел од програмата на овој оддел.

Ваквиот потег ќе отвори нови можности за двете академски заедници и за оние кои го зборуваат македонскит јазик како мајчин или како втор јазик за да може да го изучуваат на универзитетско ниво.

Во очекување на вашиот позитивен одговор ви стоиме на располагање за сите детали во врска со спроведувањето на овој наш предлог“, пишува во писмото на Виножито до Универзитетот во Солун.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This