March 29, 2024, 12:44 am

МАКЕДОНЦИТЕ ПОВТОРНО ЖИГОСУВАНИ: Во пасошите на граница почна да се става печат со новото име

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Печат со новото име на Република Македонија почна да се става во пасошите при влез или излез од државата на граничните премини, согласно спроведувањето на обврските од Договорот од Преспа, потврдија за МИА од МВР.

Оваа мерка, која е дел од планот на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Договорот од Преспа, почна да се применува од вчера. МВР, согласно одлуката на Меѓуресорската група, се задолжува да ги преземе сите потребни мерки и активности за спроведување решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање нови патни исправи.

Издавање на новите пасоши треба да почне од крајот на 2019 година, а во преодниот период МВР при излез или влез на граничните премини во постојните или новоиздадените патни исправи ќе става печат, што ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република ,,С” Македонија.

Откако Македонија и официјално ја доби грчката вербална нота дека е завршена ратификацијата на Преспанскиот договор и на Протоколот за членство во НАТО, владата во Скопје соопшти дека официјално почнува примената на новото уставно име Република ,,С” Македонија.

Замената на патните документи со новото име на државата ќе бидат на товар на граѓаните.

МВР веднаш треба да ја почне постапката за набавка на нови патни документи. Старите документи остануваат во важност до истекот на техничкиот рок утврден со Договорот од Преспа, а тоа се пет години. Ова значи дека секој граѓанин во рамки на редовната постапка кога ќе го менува пасошот, ќе го добие новиот и ќе ја плати цената која е редовна за замена на патните исправи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This