МАКЕДОНЦИТЕ ПРОМОВИРАНИ ВО ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД: Нова провокација и ново понижување на Македонците – Охридскиот рамковен договор над Уставот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под покровителство на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и нелегитимниот претседател на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва во Скопје беше одбележана 16-годишнината од потпишувањето на политичкиот Охридски рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, пишува Република.

Потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД, Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во конфликтот од 2001. Поради тоа, граѓаните од македонска националност го сметаат за насилно изнуден и неприфатлив.Шеснаесет години подоцна експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на албанското малцинство.

Службен јазик во Република Македонија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, дури и според овој договор, иако вечерва македонскиот јазик беше понижен претставен како јазик од втор ред. Името на договорот чиешто потпишување беше одбележано прво беше испишан на албански, а потоа на македонски и на англиски. Изгледа сите заборавиле вечерва дека македонскиот е јазик на мнозинството во Република Македонија, а Рамковниот договор ги уредува правата на малцинствата, не на Албанците.

Да потсетиме, денеска, како резултат од војната во 2001 година, Република Македонија е мултиетничка држава, со Рамковниот договор, кој беше спроведен во Уставот на Република Македонија, беа изедначени сите етнички заедници што живеат во државата, изедначени по својот државотворен карактер, во граѓанска смисла и претходно сите беа еднакви во оваа држава. Во денешната проекција на СДСМ за редефинирање на државата ги наоѓаме само Македонците и Албанците, Заев не го чувме да каже во Струмица, покрај македонскиот и албанскиот, да се воведат и влашкиот, српскиот, ромскиот, турскиот и други јазици. Со тоа Заев се стреми Македонија да прерасне во биетничка држава, на тој начин мултиетничноста и Рамковниот договор можеме да го гледаме само како етапа пред целосното исполнување на сонот за „Голема Албанија“, и сето тоа врз грбот на Македонците, но и врз грбот на Турците, Власите, Србите и на Ромите.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This