МАКЕДОНЦИТЕ ПРОТИВ ПОБУГАРЧУВАЊЕ: Македонците од Албанија предупредуваат на агресивниот настап на бугарската политика и обиди за „побугарчување“ на Македонците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Албанија има малцински Македонци, Грци, Египќани, Власи, Роми, Црногорци, Срби и Бошњаци, но не и Бугари, реагираат од македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Македонците од Албанија, предупредија на се поагресивниот настап на бугарската политика во однос на „побугарчување“ на македонското национално малцинство во Албанија.

Министерот за надворешни работи и европски прашања на Албанија, Дитмир Бушати, ги информирал пратениците за нацрт-законот закон што треба да ги регулираа правата на малцинствата, а тој утре и задутре треба да се најде пред неколку комисии во албансџкиот парламент, откако минатата недела беше разгледан од законодавно-правната комисија.

Со новиот нацрт-закон се признава постоење на осум национални малцинства: Македонци, Грци, Египќани, Власи, Роми, Црногорци, Срби и Бошњаци.

Факт е дека со во овој закон е дадена реалната слика за малцинствата во Албанија, стои во соопштението на македонското друштво Илинден”- Тиранa и нивниотг огранок во Голо Брдо.

Но, тоа воопшто не ѝ конвенира на бугарската политика, па во телефонски разговор со Еди Рама, Бојко Борисов рекол дека очекува законот да содржи клаузули кои ќе ги штити и правата на бугарското малцинство во Албанија.

Македонците во Албанија сметаат дека албанската Влада не треба да прави фалсификати со донесување на законски решенија кои се во спротивност со реалната малцинска структура во Албанија. Во спротивно, би станала паричка за поткусурување во рацете на Бугарија.

Софија го ангажира дури и Европскиот парламент за да изврши притисок официјална Тирана да признае бугарско малцинство. Пратеници на Европскиот парламент, од различни држави и партии, наводно подготвувале писмо до албанскиот парламент, со кое ќе се бара признавање на бугарското малцинство во Албанија, јавија албански медиуми.

Бугарската телевизија „бТВ” објавила дека ова писмо ќе било испратено до албанските власти со цел на списокот од осум малцинства што веќе ги признава Тирана, да бидат вклучени и Бугарите.

Пратениците, исто така, сакаат да го разгледаат и извештајот на Европскиот парламент каде се бараат правата на етничките Бугари во Преспа и Гора.

Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, за бугарски медиуми деновиве изјави дека законот за малцинства во Албанија се уште не е усвоен, но се дискутира. Тој ја повика владата во Софија да ја разгледа можноста за издавање бугарски државјанства за „бугарите„ во Албанија.

Информациите дека бугарското малцинство не(ма да биде) е официјално признато во Албанија е лажна вест, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, европратеник од редовите партијата ГЕРБ / ЕНП.

Непризнавањето на бугарското малцинство од Тирана е лажна информација што ја објавија македонските медиуми, изјави тој за новинската агенција ФОКУС и додаде дека информациите се намерно дистрибуирани, со цел да се создаде конфликт и тензија на оваа тема.

Поранешниот амбасадор на Бугарија во Албанија и во Косово, Боби Бобев, вели дека бугарското малцинство во Албанија никогаш не било признато. Во минатото единствената активна политичка тема за која Бугарија дискутирала со Албанија, била токму статусот на бугарското население таму.

Но, Југославија постојано се обидувала да го попречи процесот, коментираше за „Бугарија наутро”, Бобев.

Европратеникот Ангел Џамбазки, за Bulgaria ON AIR изјави дека законот за малцинства во Албанија, ќе биде разгледан од други комисии со присуство на бугарски претставници на почетокот на следната недела.

Тој изјави дека Софија прави притисок врз албанските институции, и ако законот стане факт (без признавање на бугарско малцинство), тоа ќе било исклучителен непријателски гест кон Бугарија.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This