МАКЕДОНЦИТЕ СЕ БРКААТ КАКО ТЕРОРИСТИ, ТЕРОРИСТИТЕ ОД УЧК ДОБРЕДОЈДЕНИ: Нухиу по наредба на СДС не го апси Харадинај за кого има потерница!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рамуш Харадинај, лидер на озогласената терористичка организација УЧК која ги дестабилизираше Македонија и Србија на почетокот на новиот милениум, а благодарение на лажните извештаи за случувањата на Косово, Србија беше и бомбардирана од страна на НАТО без дозвола од Советот за безбедност на ОН, денес беше на посета кај Зијадин Села кој беше повреден во нередите кои се случија на 27-ми април во Македонското Собрание

zaev_nuhiu

Рамуш Харадинај неодамна се врати на Косово, откако беше ослободен од притворот во Франција каде што беше уапсен по меѓународната потерница на Србија, предизвикувајќи растурање на Владата во Приштина и организирање на нови избори.

Освен ова Харадинај веќе започна со неговата „предизборна“ кампања, користејќи ултра-националистичка реторика заканувајќи се со конфликт во Србија и Македонија во случај Албанците да бидат загрозени, односно како што вели „ако Америка не ја заврши веќе започнатата работа, тогаш ние сами ќе ја довршиме“, алудирајќи на големоалбанската идеја, која во Македонија се спроведува преку Зоран Заев и СДС.

Она што нас не загрижува како држава е фактот што Македонската полиција иако знаела дека Харадинај, инаку баран по потерница од соседна Србија која го бара за судски процес за тероризам и злосторства против човештвото, не го уапсила Харадинај.

Во моментов, на чело на МВР е техничкиот-минстер од редовите на ДУИ Агим Нухиу, кој би требало да ја издаде наредбата за терористот Харадинај да биде уапсен. Наместо тоа, лидерот на УЧК бил на гости кај Села, непречено.

Наспроти тоа, Нухиу и СДС одлучија да се одмаздуваат на Македонските граѓани, нарекувајќи ги терористи, а Харадинај според Заев е човекот кој бил назначен од големите од Западот да биде новиот лидер на Косово.

zaev_sms4

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This