March 29, 2024, 12:08 pm

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ХИЕНИ, СМЕТА ТРИЧКОВСКИ ОД СДСМ: Го повика Заев да им фрли парче месо на хиените да ги култивира, за да ја џавкаат „чавкарската химна“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Во звучна смисла не гледам некоја разлика меѓу манифестациите на Македонците и тука и во таканаречената дијаспора и утринското гракање на чавките од крошните на тополите во Аеродром. Дури и филозофската и политичка димензија кај луѓето не е многу поразлична од чавкарската химна, пишува Тричковски.

Македонците немаат ментални и културни инструменти за сложени амбиенти со повеќе од две опции. Тоа ги дефинира како прости, да не речам како едноклеточни организми, вака ја почнува својата колумна провладиниот колумнист Бранко Тричковски, во која тој сака да ги оправда постапките на Заев, на како што вели тој, човекот со благородни побуди, за промената на името, работа која тој ја опишува како дело за култивирање на македонскиот народ од страна на благородниот Заев.

Тричковски пишува дека Заев е благороден човек кој сака да ги култивира Македонците, во неговиот текст опишани како хиени, кои не знаат да ги ценат потезите на Заев и ќе го искасаат.

– Заев е ловец кој мисли дека хиените ќе ги култивира ако им фрла по некое парче месо, односно дека тие ќе му бидат благодарни ако ги ослободи од обврските да ловат. Неговите благородни идеи се во спротивност со природата на живиот свет во македонската савана. Првин ќе го скусат за раката со која им го фрла месото, а потоа ќе го најдат во форма на хиенско говно на патот по кој животните одат на поило, пишува Тричковски.

Омразата на овој провладин колумнист оди и чекор понатаму, Тричковски во продолжение пишува:

– Македонецот е како младо кутре кое обожава да се валка и во своите и во туѓите говна. Владата е таа која треба да се обиде да го одучи од тоа. Малку стап, малку синџир, малку маска на муцката, има, сакам да кажам, соодветни постапки кои се понекогаш и болни за кучето, но се ефикасни.

– Во звучна смисла не гледам некоја разлика меѓу манифестациите на Македонците и тука и во таканаречената дијаспора и утринското гракање на чавките од крошните на тополите во Аеродром. Дури и филозофската и политичка димензија кај луѓето не е многу поразлична од чавкарската химна, пишува Тричковски.

Тој во продолжение вели дека македонското општество е оставено без елита која ќе го води, оставено е, како што тој пишува, на народните маси, кои според него наликуваат на чавки кои хистерично гракаат.

Тричковски ја завршува својата колумна со повик сите да му се придружиме на Заев на корегираниот пат. Бидејќи како што вели тој ние се распаѓаме поради нашиот идентитет.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This