Македонците ќе се бoцkaaт со вакцини кои се забранeти во 18 Европски земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе земји низ Европа ја суспендираат употребата – некои целосно, некои парцијално – на вакцината на производителот Оксфорд/АстраЗенека откако се појавија неколку смртни случаи кај лица кои добиле згрутчување на крвта по примањето на вакцината.

Иако здравствените власти во земјите кои ја суспендираат употребата на вакцината на АстраЗенека официјално не потврдуваат дека постои поврзаност помеѓу вакцинирањето и згрутчувањето на крвта кај починатите, Австрија, Данска, Естонија, Литванија, Луксембург, Латвија, Италија, Норвешка, Исланд и последна Бугарија ја запираат употребата на вакцината.

Неофицијално, се работи за проблем во пратката со број АБВ5300 доставена во 17 Европски земји (Австрија, Бугарија, Кипар, Данска, Естонија, Франција, Грција, Исланд, Ирска, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Шпанија и Шведска) во која се содржани еден милион дози.

Иако Италија доби вакцини од друга пратка АБВ2856, сепак вакцинацијата со АстраЗенека ќе биде запрена во земјата по смртта на 50.годишен полицаец (Давиде Вила) и 43.годишниот Стефано Патерно.

Македонија ќе добие до 175.200 дози вакцини на „АстраЗенека“ во март. Веста ја сооошти Министерството за здравство по допис добиен од Ковакс системот за првата испорака на вакцината против Ковид-19 во земјата. Станува збор за вакцината која се произведува од фармацевтската компанија „АстраЗенека“ во соработка со Универзитетот во Оксфорд.

„Од Ковакс информираат дека за Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината“, информираат од Министерството за здравство. Тоа значи дека од вакцината АстраЗенека во првите три месеци од годинава би можеле да се очекуваат минимум 36.120 дози за спроведување на вакцинирањето на населението.

Во Македонија во текот на вчерашниот ден започна вакцинацијата со руската вакцина Спутник V.
Европската агенција за лекови (ЕМА) го повика членките на ЕУ да не ја користат руската вакцина против ковид-19 пред таа агенција да ја испита нејзината безбедност и ефикасност, што упатува дека Владата и министерството за здравство не ги почитува директивите на Европската Агенција за лекови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This