April 25, 2024, 12:13 pm

МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ ЈА ЗАГУБАТ ДРЖАВАТА ПРЕКУ ИНСТИТУТЦИИТЕ: Генералот Ковач смета дека Заев ја ставил Македонија во опасност од војна!

Поврзано

- Advertisement -
Албанците сега ќе гледаат мирно и преку институциите да ги реализираат своите цели во Македонија. Ако Харадинај ја оствари заканата, може тоа во краен случај да биде добро за Србите, не толку за Косово, колку за српското национално прашање.
145934_mitar-kovac-3_f
- Advertisement -

Генерал мајор во пензија Митар Ковач, професор на Воената Академија и директор на Евроазискиот бебедносен форум, оценува, во разговорот за Спутник, дека со предавањето на мандатот за состав на нова Влада на Зоран Заев, македонската криза не е затворена.

– Не е случајно што македонските партии не најдоа меѓусебно разбирање и во подобро светло да ги зачуваат македонските интереси, како што тоа го направија албанските партии. Албанските партии ни во еден момент не беа во дилема дали треба да влезат во власт со Заев и тоа е делот од стратегијата на оние кои управуваат со македонската криза, истакнува Ковач.

Зошто тогаш во јавноста се создава слика дека кризата е завршена?

Пред изборите ниту Заев , ниту албанските партии не зборуваа за можно сценарио за здружување и со тоа расплет на македонската криза. Албанскиот фактор во Македонија е заинтересиран во мир да ги добие стратешките цели, а тоа пред се е федерализација преку редовен процес на одлучување во македонските институции.

Што допринело на овој начин да се развива и решава кризата и да се создава привид дека кризата е решена, тешко е да се каже, но сигурен е фактот дека Претседателот на Македонија веќе долг период е подлежен на различни притисоци од Запад, пред се од САД. Тоа го видовме од посетите на нивните емисари, но и секако уцените од страна на Шефот на ЕУ.

Исто така, НАТО непосредно учествуваше во креирањето на македонската криза и условувањето да се случи токму вакво сценарио кое го гледаме. Малку е проблематично што Претседателот на Македонија попушти така брзо и не отиде кон расплет и излегување од кризата преку вонредни парламентарни избори.

Кога во следниов период Албанците ќе почнат да ги доставуваат своите барања кои ги договориле со Заев, ќе дојде до повторна ескалација на кризата и неопходноста од нови избори.

– Стратезите на кризата во Македонија од Запад, кои управуваат со кризата преку Тирана сватија дека постои критична маса во Македонија и дека може да дојде до граѓанска војна или судири , за кои никој неможе да знае како би се завршиле и дали дел од македонската територија ќе остане под команда на Албанците. Па затоа се премина на сценарио за постепено превземање на власта и од Претседателот со  што се укина и единствената можност на реализирање на волјата на македонскиот народ.

– Заев не е никаква фигура која може да зборува во регионална смисла , да зборува кој каков е, ниту поседува авторитет внатре во Македонија. Тој е само еден звучник кои ги пренесува интересите и мислењето на другите, тој е еден од центрите кој треба да ја дескридитира и Власта во Србија, да ја прогласува за национална.Како и да рзмислувате, власта во Србија има некоја доза на самостојност во однос на другите држави од Западен Балкан во смисла на артикулирање на своите национални интереси и односи кон другите големи центри на моќ.

Дали изјавата на Заев влијае врз Србите во Македонија?

– Можно е во некое сценарио да се заострат односите помеѓу Србија и Македонија, што, се надевам, дека нема да се случи. Се надевам дека Заев ќе ја намали таа реторика, дека ќе биде колку-толку свесен дека тоа првенствено ќе наштети на македонскиот народ. Знаат какви односи имаат со Грција, треба само уште да поттикнат и проблем со Србија и тогаш ќе дојдат во ситуација да бидат уште поголеми сојузници со албанските партии и со албанскиот народ.

Заврши и големиот економски форум во Пекинг. Можеме ли да кажеме дека Пекинг и Москва ја освојуваат Европа без војна?

 

– Мислам дека помина времето кога Европа беше американски протекторат на САД уште од Втората светска војна. Постои таа логика на Соединетите држави дека Европа и понатаму е некое недоносено дете на кое му е потребно тутор и затоа ги зголемува контингентите на воените сили. Но, денес само некој неук може да не види дека светот стана мултиполарен, дека Америка не е повеќе единствена суперсила, во многу елементи Кина е таа која ги предводи светските процеси, а Русија се афирмираше како незаменлива воена сила во регионот на Евроазија и во регионот на Блискиот Исток.145934_mitar-kovac-3_f

Москва покажа дека во Сирија го брани својот суверенитет и својата независност, не само во воено-безбедносна, туку и земјоделска смисла. Всушност, постоеше стратегија на Западот , со разбивање на Сирија да го стави под контрола Блискиот Исток и да обезбеди трансфер на нафтата и гасот кон Европа, да го искомпромитира снабдувањето со нафта и гас од Истокот.

 Дали компјутерите се сигурни?

– Не верувам дека се безбедни. Штом се приклучувате на мрежа , тогаш за информации сте сосема глобално достапни. Генералната моќ од Запад е и моќта во доменот на електронските медиуми, верувам дека носителите на глобалните мрежи  во светот се во можност да ги следат политичките поединечни влијателни субјекти и земјоделски субјекти во светот, а малите држави се небезбедни во таа смисла. верувам дека со сите овие сценарија на вируси и со нивното решавање се управува од ист центар, како што тоа се работи со вирусите во реалниот живот.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This