МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ ЈА ИЗГУБАТ ОПШТИНАТА ВО ПУСТЕЦ: Еди Рама ќе испрати свој повереник во Пустец, ако Темелко остане во притвор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако македонските судски власти го продолжат притворот за градоначалникот на единствената општина во Албанија каде што градски татко е Македонец, владата во Тирана ќе преземе чекори со кои што цетралната власт ќе ги преземе ингеренциите во оштината каде што Македонците се мнозинство.

Градоначалникот Темелко сега е во протвор во истражниот затвор Шуто Оризари откако Специјалното Јавно обвиннителство го обвини за изборни манипулации во 2013 година на локалните избори во општина Центар.

То со одлука на скопскито кривичен суд доби притвор од 30 дена но можно е притворот да продолжи затоа што предходно според судот не ја почитувал судската забрана за напуштање на земјава.

Доколку албанските власти утврдат дека Темелко е спречен да ја врши својата функција во Пустец  тогаш владата во Тирана може да го суспендира и да назначи свој повереник да ја води македонската општина.

Членовите на Социјалистичката партија на Еди Рама во Пустец веќе побарале владата да заседава на оваа тема и да започне процедура за одземање на градоначалничката функција на Темелко, кој е и лидер на партијата на Македонците Македонска Алијанса за европска интеграција.

Темелко и македонската партија во Албанија секако се во незавидна позиција и речиси извесно е дека ќе ја загубат градоначалничката позиција затоа затоа дури и да биде пуштен на слобода тој најверојатно  нема да биде во можност да ја напушти Македонија до крајот на постапката.

Според налогот на судот нему предходно му беше наложено да не ја напушта Македонија и со тоа не можеше да ја врши својата функција во Албанија.

Единствен начин Македонците да ја зачуваат својата единствена градоначалничка позиција е Темелко да се брани од слобода и притоа да може да патува во странство, со обврска да се јавува еднаш во неделата во судот во Скопје или во Ресен каде што живее неговото семејство.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This