April 25, 2024, 11:10 am

За антимакедонците, а поради американците, Македонците станаа фашисти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

todor-petrovyjn56u56u56u5u56Ќе каже некој, што и’ обраќате внимание, жената одамна е забегана. Да, ама таа жена е професор на државен универзитет, од даночните обврзници оваа држава ја плаќа да врши едукација и воспитание, а не да ги навредува народот и граѓаните од чии пари живее, младите да ги индоктринира во, како што самата вели, “кретеноиди“.

И откога стана очигледно дека ќе ја изгубат соросовата каса за финансирање на нивните антинационални егзибиции во општеството, не им преостана ништо друго, туку да ги напаѓаат американскиот претседател Доналд Трамп и Соединетите Американски Држави против кого се бореше нивниот ментор Џорџ Сорос и неговите “невладини“ инсталации. Мирјана Најчевска, Соединетите Американски Држави ги прогласи за фашистичка држава, а поддржувачите на американскиот претседател за “кретеноиди“.

– Да бидам јасна, за да не дојде до некоја забуна: Секој кретеноид од Македонија кој ја поддржува власта на Трамп со тоа се идентификува себеси како фашист. Антифашизмот и антифашистичкото движење мора да добие светски размери заради тоа што ваквите идеи се повампируваат и го загрозуваат напредокот на човештвото, а наша должност е борбата со фашизмот да ја започнеме во сопствената држава. Борбата започнува со идентификување на оние кои ги застапуваат вредностите на фашизмот, – напиша Мирјана Најчевска на својот ФБ-профил.

Ќе остане запаметена Мирјана Најчевска како еден од предводниците на шарената револуција која фрлаше бои дури и по полициски станици, аплаудираше кога се демолираше и палеше претседателската канцеларија во центарот на Скопје. Јавноста ги памети нејзините постојани навреди кон Македонскиот нaрод.

– Еве, повторно ќе кажам јасно и гласно: македонскиот народ е составен од глуперди и цепаници неделкани. Значи, глуперди низаедни, цепаници неделкани, разбудете се пред да биде ептен доцна, – напиша Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил и додава дека ова тврдење било подобро отколку тврдењето на политичарите дека народот е мудар и паметен.

– Не, не е шутрачки овој народ. Не е ни уплашен. Вистината е многу поедноставна. Овој народ е едноставно глуп. Како цепаница. Неделкана, – повторно ќе напише Мирјана Најчевска.

Во својот последен коментар ја памтиме со анационалниот одглас: “Не сум Македонка, туку Земјанка. Време е ние Земјаните да го дигнеме гласот против сите патриоти и патриотчиња, знамепоклоници и идолообожавачи… Нациите се изживеана работа”.

Македонците го победија фашизмот во Втората Светска Војна. Фашизам во Македонија не постои! Македонците во Втората Светска Војна ги победија фашистите и во Албанија, и во Бугарија и во Србија и во Грција! Македонците од победата на американскиот претседател очекуваат крај на Студената војна, нов американско-руски детант и мир и развој во светот. Македонците во американскиот претседател Доналд Трамп веруваат!

Поддржувачите на американскиот претседател, Македонците, да ги сметаш за фашисти и “кретеноиди“, е несериозно и лекомислено, пред се’, крајно неодговорно!

Но и покрај се’ и после се’, Сорос ќе замине од Македонија, ќе секнат парите на тие што Македонскиот народ и граѓаните на Македонија ги сметаат за глупи! Ќе заврши едно лудо време, во кое најголемите комунисти станаа најголеми капиталисти, чии полтрони со парите на Сорос сакаа да не учат како не се сака својот народ Македонскиот и како се мрази сопствената родина Македонија! Таквите изроди се срам за нацијата и за татковината!

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This