Србија ја интензивира вакцинацијата, сега и без закажување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек посочи дека покрај постоечките 11 места, од вторник ќе се отворат 50 нови пунктови за вакцинација во Србија, каде што граѓаните ќе можат да се имунизираат без да закажат термин.

Тој додаде дека досега 1.435.000 граѓани ја примиле првата доза на вакцина за коронавирус, и дека 1.017.000 граѓани биле реакцинирани

Целосно имунизирани се 651.000. Продолжуваме со брзата имунизација. Луѓе морате да сфатите дека спасот за излез од оваа ситуација е брзата вакцинација“, вели Ѓерлек.

Тој додава дека проблемот не е во вакцините, туку во нив.

„Проблемот не е во вакцините, туку во нас. Ќе имаме вакцини од сите производители, ќе ги има за сите што сакаат да се вакцинираат. Не чекајте на повикот, тие ќе ве примат во секој момент, бидејќи сега брзината и масата на вакцинирање се важни ако сакаме да одиме на одмор во текот на летото“, рече државниот секретар.

Досега околу 10.000 македонски граѓани се вакцинираа во соседна Србија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This